Од стомак и извадиле грутка коса тешка 2kg
- Детали
- петок, 05 октомври 2012
На 19-годишна девојка од Индија, лекарите и извадиле речиси 2 килограми коса од стомакот. Таа пристигнала во болницата со мака дека веќе денови наназад не може да јаде и да пие.
По прегледите лекарите утврдиле дека во стомакот има огромна грутка коса тешка речиси 2 килограми и е меѓу стомакот и тенкото црево.
Девојката има навика да јаде коса и креда, а оваа комбинација никако не се вари во стомакот. Со итна интервенција била отстранета грутката.
Во Чикаго, пред 5 години, беше отстранета иста ваква грутка коса кај тинејџерка, која тежеше 4,5 килограми.
Се сомневаат дека девојката болува од пореметување во исхраната кое подразбира консумирање на супстанци како прашина, креди, камења, влакна...