9 годишно детенце се обидело да си го исече половиот орган за да стане девојче
- Детали
- четврток, 04 октомври 2012
9-годишниот Данан Тејлор уште од својата 4-та година тврди дека е девојче. Неговите родители не го сфаќале момчето сериозно кога тој сакал да носи фустанчиња и да има долга коса. Сè додека мајка му не го начекала во градината како се обидува да си го отсече половиот орган.
На сета среќа, ножиците биле тапи, така што малиот поминал само со полесни повреди.
Со тек на време, Данан се однесувал се поженствено – на училиште инсистирал да оди во женски тоалет, па затоа родителите и го отпишале. Кога мајка му одбила да му облече фустан за роденден, излегол надвор врискајќи дека сака да умре. Добивал напади на бе секогаш кога родителите се обидувале да го облечат во машки алишта.
После многу семејни караници и патење на малото момче – девојче, дијагностицирано му е пореметување на полот и идентитетот. За време на овие чувствителни години, лекарот ги советувал родителите да му дозволат да носи фустани и долга коса.
Детето за себе зборува во женски род и вели дека конечно е среќна. Родителите со неа-него, се појавиле и во емисија, со цел да им го воочат овој проблем на оние кои се наоѓаат можеби во нивната ситуација. Мајката на Данан сега вели дека потполно ќе го поддржи доколку за 15 години од сега, се реши да го промени полот.