Магазин на Берлускони објави 18 слики со разголената Кејт Мидлтон
- Детали
- понеделник, 17 септември 2012
Италијанскиот магазин „Чи“ објави специјал на 19 страници со 18 необјавени слики со разголената принцеза Кејт, под наслов „Кралицата е гола“.
Издавачката куќа „Мондадори“ која е во сопственост со семејството Берлускони, во француското издание на магазинот „Клосер“ објави неколку фотографии на идниот кралски пар на кои принцезата има голи гради, а по тужбата на кралското семејство, уште провокативни фотографии најави италијанскиот таблоид.
Уредникот на магазинот „Чи“ Антонио Синјорини изјави дека не се плаши од тужби во Италија, бидејќи според него, фотографиите се направени на јавно место, без нарушување на приватноста.
„Тие слики не се навредливи, ниту се производ на лош вкус, не се морбидни и не нарушуваат ничие достоинство“ изјави Синјорини.
Од друга страна, изнервираниот принц Вилијам сака да ги види зад решетки оние кои ги објавија фотографиите на неговата сопруга.
Тој е навреден поради тоа што папараците ја бркале неговата мајка, принцезата Дајана, која бегајќи од нив загинала, па одлучил да ја заштити Кејт за да не ја доживее истата судбина.
Одлучил да ја поведе во прашумата Борнео, далеку од цивилизацијата. Секако, папараците и овој пат ги следеле, па сега има фотографии како кралскиот пар се качува на дрво или оди по висечки мост.
Адвокатот на британското кралско семејство поднесе кривична пријава против фотографот кој ги направил сликите на сопругата на принцот Вилијам, како се сонча на југот на Франција, соопштија денеска на кралската палата.
Пријавата против непознат фотограф или непознати фотографи ќе биде поднесена до француското обвинителство, се наведува во соопштението.
Француското обвинителство ќе одлучи за евентуалното покренување на истрага. Минатата седмица францускиот магазин „Клосер“ објави папараци фотографии од војвотката од Кембриџ, како се сонча топлес.
Адвокатот го тужи издавачот на магазинот, медиумската група „Мондатори“, за да спречи нивно повторно објавување.
Во иста сопственост е и италијанскиот магазин „Чи“