Со 80 години нурна на 80 метри длабочина
- Детали
- среда, 05 септември 2012
Осумдесетгодишниот Божо Димник се нурнал во вторникот на 80 метри длабочина во рамките на еколошкиот проект „80/80“, со што симболично предупреди на потребата од зачувување на Јадранското Море.
„Овој извонреден потфат се одвиваше меѓу островот Лошињ и островот Паг, каде др Божо Димник со своите 80 години се нурна до 80 метри длабочина на кои се наоѓа потопената италијанска торпилерка ‘Audace’ (дрскост)“, го цитира агенцијата Hina соопштението на Туристичката заедница на Мали Лошињ.
Димник изјавил дека „сѐ било феноменално, организација извонредна, времето идеално“. Додал дека на дното од морето поставиле плоча која е спомен на овој ден и изразил убедување дека ќе продложи поквалитетното зачувување на Јадранското Море.
Настанот го следеле 200-те гледачи, меѓу кои и пријателот на Димник, поранешниот хрватски претседател Стјепан Месеиж, под чие покровителство овој потфат е одржан.
05.08.2012 (Макфакс)