Пронајдено шише со порака стара 98 години
- Детали
- петок, 31 август 2012
Рибарејќи со бродот „Copiuous“ во водите крај Шетландските острови, шкотскиот скипер Ендрју Леапер пронашол шише со порака стара 98 години, што е пет години повеќе од досегашниот рекорд, што го потврди Гинисовата книга на рекорди.
Како што кажал шкотскиот морепловец, чудесната коинциденција е во тоа што и претходната најстара порака во шише била пронајдена исто така со бродот „Copiuous“, пренесува британскиот радиодифузер BBC.
Шишето со разгледница и порака дека наградата од шест пени ќе ја добие оној што ќе ја пронајде, во морето ја фрлил во јуни 1914 година капетанот Браун од Морнаричката школа во Глазгов.
Примерокот потекнува од контигентот од 1.890 научни шишиња, специјално дизајнирани да можат да плутаат по морската повртшина, коишто требало да послужат за изработка на мапи на морските струи околу брегот на Шкотска кога ќе се вратат од патувањето, меѓутоа досега пронајдени се само 315.
Леапер кој грлото на шишето го здогледал додека со колегите ја влечел мрежата и потоа брзо ја зграпчил пред да ја проголтаат брановите, признава дека е пресреќен, но и дека поради откритието „потонал“ неговиот пријател Марк Андерсон кој го држеше досегашниот рекорд.
„Постојано зборуваше за тоа, а сега јас сум тој кој е извонредно горд како пронаоѓач на светскиот рекорд“, вели шкотскиот рибар.
31.08.2012 (Макфакс)