Тениски рекет за Гинисовата книга на рекорди
- Детали
- четврток, 30 август 2012
Ашрита Фурман, е човекот кој има поставено 151 Гинисови рекорди и го држи рекордот за поседување најмногу Гинисови рекорди поставени од поединец.
Тој со помош на меѓународен тим направи тениски рекет висок 15,2 метри и 4,9 метри широк и со тоа постави нов Гинисов рекорд.
Огромниот тениски рекет е ист како дрвениот рекет користен од познатата тенисерка во 70-тите Били Џин Кинг, кога таа доминираше во женскиот тенис.
Големиот тениски рекет беше изграден за седум дена и постоеше замисла тој да биде поставен во рамките на US Open.
Меѓутоа тоа не беше возможно поради огромната висина на рекетот, поради која тој се смета за зграда и за негово поставување е потребна посебна дозвола од Њујорк.
Инспирацијата зад светските рекорди на Фурман е визионерот за мир Шри Чинмој, кој веруваше дека со помош на медитација можат да се постигнат невозможни нешта.
Самиот Шри Чинмој беше добар пријател со прочуената тенисерка Били Џин Кинг.
30.08.2012 (Макфакс)