Нови BMW автомобили за европската полиција
- Детали
- среда, 29 август 2012
На General Police Equipment Exhibition & Conference (GPEC) настанот кој ќе се одржи следниот месец во Лајпциг, Германија, BMW ќе ја претстави следната постава на возила создадени за полициски потреби.
Се работи за пет автомобили и четири мотоцикли - 3 Series Touring, X3, 7 Series High Security и X5 Security, i3 Concept, R1200RT, G650GS, F800ST и K1600GT.
Уште при нивното развивање, германската полиција покажа заинтересираност за 3 Series Touring and X3 моделите кои вклучуваат и сирени контролирани од iDrive системот, како и посебно светлосно предупредување. Спротивно на силата, ја имаме функционалноста на i3 кој е наменет исклучиво за градска средина каде намалувањето на штетни гасови е од најголемо значење.
BMW 7 Series High Security и X5 Security ги задоволуваат зголемените стандарди на оклопните возила, додека мотоциклите се совршени за градски услови каде што треба да се дејствува брзо и ефикасно, но и таму каде што автомобилот не би бил најдобро решение.