Семејство од Сардинија најстаро на светот

semejstvo-od-sardinija-najstaro-na-svetot

Семејството Мелис од Сардинија е најстарото на светот, поточно деветте браќа и сестри имаат вкупно 818 години, а најстарата од нив има 105 години, што претставува рекорд потврден во Гинисовата книга на рекорди.

Според локалниот весник Unione Sarda, по седум години истражување на петте континенти, претставиците на Гинис потврдиле дека семејството Мелис е најстарото, според возраста на неговите членови, на светот.

Семејството потекнува од местото Пердасдефоѓа во регионот Ољиаста во централниот дел на островот Сардинија.

На 1-ви април 2012 година, деветте браќа и сестри имале вкупно 818 години и 205 дена. Најстарата, Консолата којашто има девет деца, 24 внуци, 25 правнуци и тројца праправнуци, во среда на 22-ри август ќе го прослави 105-от роденден.

По неа следи 99-годишната Клаудија, којашто е во форма и во понеделникот била во првиот ред на мисата, пишува Unione Sarda.

Потоа следат 97-годишната Марија која од неодамна има здравствени проблеми, 93-годишниот Антонио и 91-годишната Кончета, а 89-годишниот Адолфо сѐ уште работи во неговото кафуле во Пердасдефоѓа.

22.08.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Беше само 1 година постара од зетот - Што знаеме за мајката на Меланија Трамп која почина на 78 годи... Мајката на Меланија Трамп почина на возраст од 78 години. Што знаеме за жената к...
„Ме прогонува“ - Бизарна маица со принт од свиња го згрози светот „Оваа страшна маица ме прогонува“ е еден од коментарите за маицата која ги подел...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg