Шарапова отвори слаткарница
- Детали
- вторник, 21 август 2012
Една од најдобрите тенисерки на светот, Русинката Марија Шарапова отвори во американската метропола Њујорк продавница за слатки и започна со бизнисот со кој сака да се занимава кога ќе ја заврши играчката кариера.
Марија Шарапова го основа синџирот „Шугарпова“ кој во понудата ќе има 12 видови гумени бонбони, меѓу кои најинтересни се оние во облик на тениско топче, чевел со висока потпетица, женска чантичка...
„Ова е најголемиот и највозбудливиот потфат во кој тргнав. Во овој проект ги вложив своите пари и горда сум на целата приказна“, изјави моментално третата тенисерка на светот.
Марија Шарапава освои четири Грен слем титули, а според листата што ја објавува магазинот Forbes, минатата 2011 година беше најплатената спортистка во светот со годишна заработувачка од 28 милиони долари.
21.08.2012 (Мафкакс)