Кинеската Ју Венси е Мис на светот 2012
- Детали
- недела, 19 август 2012
Мис Кина, Ју Венси, е избрана во саботата за Мис на светот за 2012 година на светскиот избор на убавината одржан на футуристичкиот стадион во кинескиот град Ордос, во покраината Внатрешна Монголија.
Ова беше 62-то избор на Мис на светот, а на него учествуваа мисици од рекордните 116 земји, меѓу нив и македонската претставничка Анета Стојковска. За најубава е прогласена Кинеската Ју Венси, а круната ѝ ја предаде минатогодишната победничка Ивиан Саркос од Венецуела.
Првата придружничка е Мис Велс, Софи Мулдс, а втората Мис Австралија, Џесика Кахавеј. Во најубавите седум девојки влегоа и претставничките на Бразил, Индија, Јамајка, Австралија, Велс, Јужен Судан и секако Кина.
Претходно во 15-те полуфиналистики влегоа девојките од Индија, Мексико, Австралија, Јамајка, Кина, Велс, Јужен Судан, Англија, Бразил, Шпанија, Филипини, САД, Холандија, Индонезија и Кенија.
Мис на светот Убавина со цел е избрана Индија, Киенската е Мис на светот Талент, убавицата од Шведска е избрана за Мис на светот спортистка, добитничка на наградата за мултимедијалност повторно е Мис Индија, а убавицата од Јужен Судан е победник во изборот на Топ Модел.
19.09.2012 (Макфакс)