Чешките стаклари направија најголемо шише за виски
- Детали
- сабота, 18 август 2012
Чешките стаклари направија најголемо шише за виски во кое може да собере 228 литри од овој пијалок.
Шишето е направено по нарачка на шкотски производител, соопшти Радек Вана, од стакларницата во Светла над Сазава.
Рачно изработеното шише е високо 1,7 метри и тежи 50 килограми и ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди како прво толкаво шише направено во Чешка.
Производителот `Едингтон група` го нарачал џиновското шише за виски за да го собори рекордот на својот конкурент Jack Daniels, кој до сега го поседуваше најголемото шише од 174 литри.
Шишето е наполнето со оригинален шкотски виски во дестилеријата „Glentaret“, најстара во Шкотска, која се наоѓа во близина на Единбург и тоа во склоп на 107 годишнината од постоењето.
Шишето сега е изложено во центарот за посетители на оваа дестилерија, која годишно ја посетуваат 200.000 луѓе.
Шишето го направија чешките мајстори од фирмата „Кавалиерглас“ во Сазава, во централна Чешка, во соработка со техничарите од фирмата BOMMA во местото Светла над Сазава.
18.08.2012 (Макфакс)