Бизарно: Човекот кој не се избањал 38 години
- Детали
- четврток, 16 август 2012
Кајлаш Синг е човек кој ако сакате да го запознаете, подобро да имате затнат нос, затоа што се нема избањато во последните 38 години.
Синг има 65 години и не се капел ниту се шишал од 1974 година, односно откако се оженил.
Тогаш, локален свештеник му рекол ако сака да добие син, не треба да се `дружи` со водата и сапунот, па Индиецот `си го врзал тоа в крпче`.
Покрај напорите на соседите и семејството, тој успешно одбегнува бањање, а оние кои го знаат се шегуваат на негова сметка и велат дека е успех, што воопшто ја натерал сопругата да имаат деца. Синд има деца, но седум ќерки, па очигледно советот на свештеникот не делувал.
Сепак, тој не се откажува од идејата да добие син не бањајќи се.
Деновите му поминуваат во грижа за кравите на температура од 47 степени целзиусови, а се `бања со оган`, така што секоја вечер пуши марихуана и се моли на хиндуистичкиот бог Шива.
Неговото семејство не ги сака неговите мириси, па велат дека еднаш се обиделе да го турнат во поток, но тој само ги оттурнал и им избегал.
„Вели дека побрзо би умрел отколку да се избања, а единствено син би го натерал да ја смени одлуката. Поминаа толку години, па се навикнав“, вели неговата сопруга Калавати Деви (60).
Сепак, не сите во семејството се против неговата одлука. Неговата најмлада 16-годишна ќерка Поја, вели дека поради него станала популарна во училиштето, и сите сакаат да го запознаат татко и – човекот кој не се потопил со вода 38 години.
„Кога е топло, јас се бањам и по два пати, а тој ниту еднаш. Не знам како опстанува“, вели Поја.
Кајлаш не се грижи за тоа, а само понекој пат ги мие рацете и устата.
„Немам син, па никогаш повеќе нема да се измијам. Можеби во следниот живот“, вели Кајлаш.
16.08,2012 (Макфакс)