Братот на Обама живее во сиромаштија

bratot-na-obama-zivee-vo-siromastija-1

Додека американскиот претседател Барак Обама живее во Белата куќа, патува со претседателски авион и се дружи со славни личности, неговиот полубрат Џорџ Обама (30), долгогодишен зависник од алкохол и дрога живее во картонска населба во главниот град на Кенија, а комшиите на шега го викаат „господине претседателе“.

Џорџ и Барак имаат ист татко, но Барак е роден на Хаваите од вториот брак на неговиот татко со бела Американка, а после нивниот развод, расте со мајка му.

Џорџ е роден од четвртиот брак на неговиот татко и расте бо Кенија со мајка му која се премажила за француски хуманитарен работник, белец.

Во филмот „2016“ Џорџ не го критикува претседателот, но зборува за себе.

bratot-na-obama-zivee-vo-siromastija-2

„Мојот брат стана лидер на најмоќната земја на светот. Овде во Кенија, јас сакам да бидам лидер на најсиромашните, оние кои живеат на дното“ – напишал Џорџ во својата книга.

Причината што тој живее во картонска населба е што пијалаците, кокаинот и марихуаната овде се достапни и поевтини, а деструктивното однесување не привлекува внимание.

 Барак и неговиот брат се сретнале прв пат кога Барак допатувал во Најроби неколку години по смртта на татко му, а втор пат кога бил на турнеја во Источна Арика и навратил да го види семејството.

„Тој има свои одговорности, не треба да се грижи за мене. Јас сум возрасен човек. Сите мислат дека ми праќа пари. Но, јас не сум просјак.“ – изјавил Џорџ. Сепак, кога Барак би ми понудил пари, секако дека би ги прифатил.

Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...
Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg