Мажите поуспешни во борбата за сопствениот живот при бродоломи
- Детали
- среда, 01 август 2012
Правилото жените и децата први да го напуштаат бродот што тоне е мит, тврдат шведските научници коишто проучувале 18 поморски несреќи во кои мажите главно се грижеле за сопствената кожа.
Трагедијата на „Титаник“ која ја преживеале 70 отсто жени и деца и само 20 отсто од мажите претставува исклучок од ова правило, велат Микаел Елиндера и Оскар Ериксон од универзитетот во Упсала, Шведска, коишто ја анализирале стапката на преживување на 15 илјади бродоломци во периодот од 1852 до 2011 година.
Мажите на брод што тоне имаат општо двапати повеќе изгледи за спасување отколку жените, а децата уште полошо минуваат од вторите.
Бродот „Титаник“ кој потона во 1912 година во Арктикот, бродот „Биркенхед“ кој во 1852 година потонал во Индискиот Океан, се единствените два од анализираните осумнаесетте бродови на коишто преживеале повеќе жени отколку мажи.
Најсвежиот пример со хаваријата на бродот „Коста Конкордија“ од почетокот на 2012 година, кога капетанот прв го напушти бродот и остави 4.200 патници, од кои 32 ги загубија животите, покажува дека капетанот и неговиот екипаж, исто така, се склони прво да се грижат за себеси.
Според оваа шведска судија, таквото однесување не е необично, имајќи предвид дека членовите на екипажите „и онака имаат повисока стапка на преживување од патниците и само девет од шеснаесет капетани потонале заедно со бродот“.
Слични разлики според половите забележани се и во другите истражувања за однесувањето на луѓето во природните катастрофи, се наведува во студијата.
01.08.2012 (Макфакс)