Земјата ќе исчезне до крајот на векот?
- Детали
- петок, 27 јули 2012
Екосистемите на планетата Земја ќе доживеат целосен колапс до 2100 година.
Ова тврдење потекнува од магазинот „Nature“, каде што се наведува дека како резултат на штетата што ја нанесува човекот, до крајот на векот ќе стигне до точата од која нема враќање.
Како што Земјината биосфера се доближува до периодот на премин од едно годишно време во друго, 22 истражувачи од 15 различни меѓународни научни институции предупредуваат на неверојатно брза промена на климата и и загуба на биодиверзитетот.
Според студијата, речиси половина од климатските промени што ги имаме денеска наскоро ќе исчезнат. Ќе бидат заменети со нови услови, што ниту еден жив организам никогаш не ги доживеал или искусил. Таа промена ќе се случи на многу брз начин, оневозможувајќи прилагодување на видовите и екосистемот.
Ова не е прв таков катаклизмичен настан откако постои планетата Земја. Имено, досега се случиле седум такви промени:камбријската експлозија пред 540 милиони години, пет масовни истребувања кои уништиле речиси 90% од животот на Земјата, како и преминот од последното Ледено доба пред 12.000 години.
Како пример на сличните промени, какви што Земјата ја очекуваат кон крајот на векот, се и оние кои веќе се случиле. Намалувањето на коралниот гребен, но и фактот дека Сахара пред отприлика 5.500 илјади години била плодна тревната рамнина.
Единствен спас што преостанува е промена на животните навики и начинот на живот. Научниците ги предупредуваат владите веднаш да ги преземат неопходните чекори, како превенција на катастрофата што следи.
27.07.2012. (Макфакс)