Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мрак низ улиците на главните градови, блокирани раскрсници: Како Шпанците и Португалците го поминаа прекинот на струја?

Шпанија, Португалија и делови од Франција го поминаа вчерашниот ден без струја. Од утрово, снабдувањето со струја е нормализирано скоро насекаде, но на социјалните мрежи уште се споделуваат фотки и видеа од мракот кој владееше синоќа.

mrak-niz-ulicite-na-glavnite-gradovi-blokirani-raskrsnici-kako-shpancite-i-portugalcite-go-pominaa-prekinot-na-struja-01.jpg

Во понеделникот (28.04) Шпанија, Португалија и делови од југозападна Франција се соочија со прекин на струја.

Беа погодени некои од поголемите градови, како Мадрид, Барселона и Лисабон, каде прекинот на струја предизвика хаос.

Покрај домаќинствата, без струја останаа државните институции, возовите, па и семафорите и милиони луѓе ја поминаа ноќта во мрак.

Утрово околу 6 часот шпанските власти соопштија дека снабдувањето со струја е нормализирано во најголемиот дел од државата, а околу еден час подоцна беше соопштено дека снабдувањето нормализирано и во поголемиот дел од Португалија.

Надлежните очекуваат денес сè да се врати во нормала, но прекинот од неколку часа сепак имаше огромно влијание.

Во Португалија и Шпанија многу луѓе останаа заглавени на аеродромите бидејќи и тие останаа без струја. Имаше хаос и на метро страниците и железничките пруги бидејќи возовите не можеа да возат. Невозможно беше и подигањето пари од банкомати.

Сепак, некои велат дека тоа што немале ни интернет им овозможило да уживаат во денот, па низ парковите на Барселона и Мадрид бил забележан зголемен број на луѓе.

Точната причина за инцидентот засега е непозната. Се претпоставува дека проблемот веројатно потекнува од Шпанија, но надлежните ја исклучуваат можноста за хакерски напад бидејќи не биле најдени докази за тоа.

Се претпоставува дека станува збор за „редок атмосферски феномен“:

„Поради екстремните температурни промени во внатрешноста на Шпанија, имаше аномални осцилации во далноводите со многу висок напон.

Овие осцилации предизвикаа проблеми со синхронизација помеѓу електричните системи, што доведе до проблеми низ меѓусебно поврзаната европска мрежа“, гласи една од официјалните изјави од Португалија.

Според The Guardian, на експертите им е добро познат овој феномен, но била вистинска реткост да се манифестира на толкав размер.

Сепак, надлежните од Шпанија и Португалија истакнуваат дека уште е рано да се зборува за точната причина, како и дека се работи на нејзиното откривање.

Во меѓувреме, жителите, како и туристите во Шпанија и Португалија, споделуваа фотографии и видеа од мракот што ги зафати двете земји.

Се објавуваат и снимки од мигот кога почнува да се враќа струјата, на кои се слушаат и радосни извици.

Дел од објавите во продолжение:

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Од Англија се преселив во Бугарија – конечно си ја купив куќата од соништата“ (видео) Британка која со семејството се преселила во Бугарија вели дека платила 26.000 е...
По видеата на кои се прејадува и плаче, во тајност ослабел 100kg – Трансформацијата на јутјуберот Ни... Јутјуберот кој се прослави со видеата на кои јаде огромна количина храна, но и п...
„Имам салон за гушкање за осамени луѓе – интересот е огромен, доаѓаат и жени жртви на насилство“ „Некои од моите клиенти се луѓе кои имале трауми, луѓе кои имаат страв од емоцио...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Сведоштва и видеа од падот на товарниот авион во Вилнус врз станбена зграда: „Како небото да го осве... „Во 5 часот утрово слушнав тресок. Истрчав надвор, и, кога погледнав кај гаражат...
Го испеаја евровизискиот хит „Бандидо“ во 1990 година – Како изгледаат денес сестрите Салазар? Сестрите кои го освоија 5-тото место на Евровизија во 1990 година ја газат седма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg