Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како помина вселенското патување на Лорен Санчез и Кети Пери со женски екипаж + зошто јавноста ја исмејува мисијата?

Кети Пери им пеела во капсулата, па ја бакна земјата откако се вратија назад. Како помина 10-минутната приватна вселенска мисија со женски екипаж и зошто јавноста, но и многу познати личности ја исмејуваат и го преплавија Твитер со мемиња?

kako-pomina-vselenskata-misija-na-loren-sanchez-i-keti-peri-so-zhenski-ekipazh-zoshto-javnosta-ja-ismejuva-misijata-01.jpg

Вчера (14.04) беше лансирана ракетата New Shepard на приватната вселенска компанија на Џеф Безос – Blue Origin.

Мисијата која периодов беше нарекувана „историска“ имаше само женски екипаж, вклучувајќи ги Лорен Санчез, која му е свршеница на Џеф Безос, и Кети Пери.

Шесте жени беа лансирани на околу 100 километри над Земјата каде што поминаа неколку минути во бестежинска состојба, пред да се вратат назад. Ракетата беше лансирана од Тексас, САД и мисијата траеше околу 10 минути.

Мисијата беше слична како летот на Џеф Безос пред неколку години – шесте жени не стигнаа до орбита, туку се искачија малку над границата помеѓу вселената и крајот на земјината атмосфера.

Лидерот на екипажот беше Лорен Санчез, а покрај неа и Кети Пери, во мисијата беа вклучени Аиша Боу (поранешен ракетен инженер), Аманда Нгујен (експерт за биоастронаутика и активистка), Керијан Флин (филмска продуцентка) и новинарката Гејл Кинг.

Од платформата за лансирање во Тексас, мисијата ја следеа и неколку славни личности, како Опра Винфри, која е добра пријателка со новинарката Гејл Кинг.

kako-pomina-vselenskata-misija-na-loren-sanchez-i-keti-peri-so-zhenski-ekipazh-zoshto-javnosta-ja-ismejuva-misijata-06.JPG

Меѓу присутните беа сопругот на Кети Пери, Орландо Блум, со ќерка им Дејзи, Џеф Безос, но и Клои Кардашијан и Крис Џенер.

Кога се вратија на Земјата, Лорен прва излезе од капсулата, каде ја пречека Безос и ја прегрна.

„Мислам дека не можам да ја опишам вселената… беше тивко, но беше и живо. Ја гледате и си помислувате ’Сите сме заедно во ова‘.

Мислев само на тоа, дека сме многу поврзани, поповрзани отколку што мислиме“, изјави Лорен по слетувањето.

kako-pomina-vselenskata-misija-na-loren-sanchez-i-keti-peri-so-zhenski-ekipazh-zoshto-javnosta-ja-ismejuva-misijata-04.JPG

Потоа излезе Кети Пери која ја бакна земјата.

„Мислам дека ова искуство ми покажа колку љубов има во нас, колку љубов имаме да даваме и колку сме сакани“, изјави пејачката.

Новинаркат Гејл Кинг откри дека Кети Пери ја запеала What a Wonderful World додека биле во вселената.

„Сите ѝ рековме испеј ја Roar, испеј ја Firework, но таа рече ’Ова не е за мене. Сакам да зборувам за светот‘“.

kako-pomina-vselenskata-misija-na-loren-sanchez-i-keti-peri-so-zhenski-ekipazh-zoshto-javnosta-ja-ismejuva-misijata-5.JPG

Изминативе неколку месеци интензивно се зборуваше за лансирањето на „историската мисија“ и додека некои сметаат дека ова е голем чекор напред за инклузијата на жените во вселенските патувања, некои имаат само критики.

Дел од луѓето сметаат дека требало да им се даде шанса на жени кои веќе работат во оваа област и го поминале целиот свој живот во учење, а други мислат дека целата мисија е безначајна.

Актерката Оливија Мун беше меѓу првите кои ја критикуваа мисијата.

„Што прават? Мислам дека ова не е најзабавното нешто што ќе го кажам, но има многу други поважни работи во светот моментално. Трошат толку многу пари за да одат во вселената, а има луѓе кои не можат да си купат ни јајца.

Што е поентата? Зарем е историско тоа што ќе одите да се повозите? Вселенските патувања треба да ги прошират нашите знаења и да му помогнат на човештвото.

Што ќе прават тие таму горе што ќе ни го подобри животот нам, кои сме долу?“ – изјави актерката на почетокот од април.

kako-pomina-vselenskata-misija-na-loren-sanchez-i-keti-peri-so-zhenski-ekipazh-zoshto-javnosta-ja-ismejuva-misijata-3.JPG

Оливија Вајлд, пак, се шегуваше бидејќи станува збор за приватна, комерцијална мисија. На Инстаграм Стори, таа сподели меме од Кети Пери која ја бакнува земјата по слетувањето.

„Милијарда долари изгледа ќе ни купат добри мемиња“, напиша актерката на објавата.

kako-pomina-vselenskata-misija-na-loren-sanchez-i-keti-peri-so-zhenski-ekipazh-zoshto-javnosta-ja-ismejuva-misijata-07.JPG

По лансирањето се огласи и Емили Ратајковски:

„Ова е повеќе од пародија. Се грижите за мајка природа и го правите ова за неа, но одите во вселенски брод кој е направен и платен од компанија која ја уништува планетата?

Погледнете ја состојбата на светот и помислете колку ресурси се потрошиле за овие жени да одат во вселената. За што? Што рекламирате овде?“

kako-pomina-vselenskata-misija-na-loren-sanchez-i-keti-peri-so-zhenski-ekipazh-zoshto-javnosta-ja-ismejuva-misijata-08.JPG

Жените од екипажот имаат и одговорено на дел од критиките.

„Сите кои критикуваат не знаат што се случува овде. Сите можеме да зборуваме за реакциите што ги добиваме од млади жени, од млади девојки за значењето на ова.

Оние кои критикуваат, би сакала да дојдат во Blue Origin и да ги видат илјадниците вработени кои не само што работат овде, туку ги вложуваат нивните душа и срце во ова.

Тие си ја сакаат работата и ја сакаат мисијата и за нив е важна“, изјави Лорен Санчез.

И јавноста ја критикува мисијата, но повеќето се фокусирани на исмејување, па Твитер е преплавен и со мемиња.

Дел од нив на следната страница…



Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
Се вљубила во шеикот на Дубаи, кога останала бремена ја оставил за друга – Животот на Нивин Ел Гама,... По само 2 години нивната бајка се претворила во кошмар. На телевизија видела дек...
„Сакав скромна забава за синот – сите родители дојдоа со плус 1 дете, па на крај морав да платам ушт... Во ред ли е на забавите во игротека освен детето што е покането да ги носите и н...
Кои националности се најдобри, а кои најлоши во кревет според жена од Канада, која сака да спие со м... Досега имала искуство со мажи од Израел, Хаити, Норвешка, Никарагва, Швајцарија,...
Најубавиот Арап на светот: Тврди дека го протерале од Дубаи затоа што е премногу згоден, успеал да г... Со својата убавина „маѓепсува“ жени ширум светот. Со измама дошол до титулата „н...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg