Киднапирано дете од САД е пронајдено по 7 години, откако се појави во крими документарец – виновникот е мајка му
Засега не е откриен идентитетот на другото, помладо дете, но за повозрасното набрзо се утврдило дека е Абдул кој бил киднапиран пред седум години.
Со мајката имало уште еден маж, кој исто така бил уапсен.
Мажот кој бил уапсен со мајката на Абдул
„Кога го најдовме Абдул, беше здрав и во добра состојба. За тоа не бевме загрижени. Но, овој начин на живот (со кражби) е сè што знае изминативе седум години.
Сега има 14 години, па процесот на адаптирање може да потрае“, додава шерифот.
Абдул бил пронајден кон крајот на февруари, а судењето на мајка му е закажано за 21-ви март.
Шерифот, пак, вели дека е изненаден што детето било незабележано од јавноста, и покрај тоа што случајот бил опфатен во серија која е популарна во САД.
„Само се прашувам колку луѓе стапиле во контакт со него изминативе седум години…
Нашите полицајци решија да истражат повеќе. Почувствувале дека нешто не е во ред и го следеле својот инстинкт“.
Откако Абдул беше пронајден, се огласи и неговиот татко кој и по седум години, не губел надеж дека син му ќе се врати дома.
„Пресреќни сме што конечно го најдовме. Сакам да им се заблагодарам на сите кои ни дадоа поддршка изминативе седум години…
Сега, додека пробуваме да продолжиме напред како семејство, ве замолуваме за приватност“.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





