Чудното пријателство на Денис Родман и Ким Џонг Ун: Му одел на гости, Трамп му забранил да се дружат
- Детали
- сабота, 01 март 2025
Кошаркарот Денис Родман и Ким Џонг Ун се запознале во 2013-та во Северна Кореја. Оттогаш, Денис многупати го има посетено диктаторот, а го нарекува „забавна личност“, но и „доживотен пријател“. Што знаеме за нивното необично пријателство?
Од едната страна, го имаме Ким Џонг Ун – еден од најконтроверзните лидери во светот.
Врховниот лидер (и диктатор) на Северна Кореја целосно ги изолира својата земја и својот народ од надворешниот свет и важи за еден од најозлогласените политичари.
Од друга страна е поранешниот NBA кошаркар Денис Родман кој покрај успешната спортска кариера, отсекогаш привлекувал внимание поради фактот што е по малку чуден.
Имаше брак кој траеше само девет дена, се бореше со алкохолизам и поради лошите животни навики, успеа да ги потроши милионите и банкротира.
И Ким Џонг Ун, и Денис Родман несомнено се необични ликови, а уште понеобично е нивното пријателство.
Како се спријателите кошаркарот и диктаторот и во какви односи се денес?
Се запознаа во Северна Кореја
Знаевте ли дека Денис Родман е првиот Американец кој лично го запознал Ким Џонг Ун?
Во февруари 2013 година, заедно со екипата од американскиот медиум Vice, Денис отишол во Северна Кореја.
Екипата на Vice сакала да го сними лидерот на Јужна Кореја, па добиле идеја да го понесат и Денис со надеж дека полесно ќе допрат до Ким Џонг Ун.
Кога соопштиле дека со нив ќе доаѓа и Денис Родман, добиле дозвола да ја посетат земјата, па и да снимаат таму.
Во Северна Кореја, задачата на Денис била да води кошаркарски камп со ученици.
Првиот ден во Пјонгјанг не го сретнале лидерот, но вториот ден, кога требало да одиграат пријателски натпревар, на стадионот дошол и Ким Џонг Ун.
„Седев на клупата, кога одеднаш влезе тој. Мал, низок маж. Си реков – чекај, кој е ова? Мора да е претседателот.
Дојде со сопругата и сите негови министри или што и да се“, ја опиша Денис првата средба со лидерот.
Ким и Денис веднаш се зближиле
Според придружбата на кошаркарот, тој веднаш се опуштил пред лидерот.
Наводно, на средба по кошаркарскиот натпревар, се осмелил да му рече:
„Татко ти и дедо ти направија ужасни работи. Но ти, ти пробуваш да направиш промена и те сакам поради тоа“.
Во тој миг, сите се „скамениле“ и мислеле дека на Денис му дошол крајот, но Ким само се насмевнал и наздравил со пијачката што ја држел.
Генерално, целото патување поминало добро, а по враќањето во САД, Денис изјави дека го гледа Ким како „доживотен пријател“, па дури и го посоветува тогашниот американски претседател, Барак Обама, да му се јави и да си поразговараат.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





