Бизарни и непријатни моменти на Super Bowl 2025 + најсмешните мемиња за настанот
- Детали
- понеделник, 10 февруари 2025
Публиката ја исвирка Тејлор Свифт, а нејзината реакција веќе стана меме. Настапот на Кендрик Ламар, пак, е опишуван како најлош во историјата на Super Bowl. Како помина најпопуларниот спортски настан во САД?
Синоќа (09.10) во Њу Орлеанс се одржа годинешното издание на Super Bowl – најпопуларниот спортски натпревар во САД.
Традиционално, на полувремето на натпреварот настапуваат познати музичари, а ова го прави настанот привлечен за гледачи од целиот свет.
Во публиката, пак, секогаш има некои од најпознатите луѓе во светот, како Тејлор Свифт и Доналд Трамп.
Годинава, главната музичка ѕвезда на полувремето беше Кендрик Ламар, а со него на сцена се качи и американската пејачка SZA.
На големо изненадување на сите, на сцената застанаа и актерот Семјуел Л. Џексон и тенисерката Серена Вилијамс.
Настапот можете да го изгледате ТУКА.
Настапот на Кендрик се соочи со критики и многумина го опишуваат како „најлошиот во историјата на Super Bowl“.
Впрочем, и целиот настан не предизвика некое воодушевување кај публиката, иако имаше неколку моменти за кои многу се дискутираше.
Покрај полувремето, важен дел од настанот се и рекламите, па наголемо се зборува и за нив.
Моменти што го одбележаа Super Bowl 2025:
Дечкото на Тејлор Свифт – Тревис Келце – играше на натпреварот и неговиот тим изгуби, а по натпреварот беше забележан со насолзени очи.
Тејлор, пак, беше исвиркана од публиката додека навиваше за дечко ѝ и од снимките е очигледно дека се чувствува непријатно.
Пред натпреварот, Тревис се појави во ретро аутфит на чија сметка беа направени многу шеги.
Том Круз се појави во Super Bowl реклама и она што привлече внимание не беа неговите зборови, туку неговиот изглед.
Кожата на лицето на актерот изгледа премногу затегнато и се шпекулира дека има направено пластична операција.
Од рекламите, можеби најлуда беше онаа на скиентолошката црква и многумина се прашуваат зошто озлогласена религиска организација се рекламира на рагби натпревар.
Во нивен стил, Кортни Кардашијан и Тревис Баркер гордо се бакнуваа пред камерите, но не на натпреварот, туку на забава по Super Bowl.
На натпреварот присуствуваше Џеј Зи со ќерка му Блу Ајви (13) и првично сите помислија дека е Бијонсе бидејќи премногу личи на неа. Со нив беше и помалата ќерка на Џеј Зи и Бијонсе - Руми.
Можеби настапот на Кендрик Ламар на полувремето помина неславно, но затоа, пак, сите имаат само комплименти за настапот на Лејди Гага пред да почне натпреварот.
Бен Афлек не присуствуваше на настанот, но неговата реклама за Dunkin Donuts стана една од најпопуларните.
На следната страница смешни мемиња за настанот…
Би можело да ве интересира:
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_109012_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_108595_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_108036_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_107968_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_114701_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_110463_400.jpg)