Најубавата жена на светот е од Данска - Запознајте ја Мис Универзум 2024 (фото)
- Детали
- понеделник, 18 ноември 2024
Русокоса победи на Мис Универзум првпат во 20 години, а најубавата жена на светот е и професионална танчарка.
Викторија Кјер Талви (21) од Данска победи на Мис Универзум 2024 година, кое беше 73-то издание на овој престижен натпревар и се одржа во Мексико.
Таа победи во конкуренција од 120 девојки од цел свет и е првата жена од Данска што успеала да ја освои оваа титула.
Инаку, Македонија на овој избор ја претставуваше Теа Ѓоргиевска од Куманово, која откри дека на Мис Универзум во Мексико имала незаборавно искуство и дека е благодарна за сите луѓето кои ги запознала и ѝ ја направиле оваа авантура незаборавна.
-->
-->
Неколку факти за Викторија:
Викторија вели дека сонувала да стане мисица уште на 5-годишна возраст.
-->
На 17 години таа за првпат се пријавила на Избор на мис на Данска и добила титула втора придружничка.
Како Мис Универзум на Данска беше крунисана во септември, два месеци пред светскиот избор.
Ја интересира бизнис, маркетинг и продажба на дијаманти, а сонува да студира на Харвард.
Се има натпреварувано и на светски првенства во танц.
Постојано зборува за менталното здравје, бидејќи потекнува од семејство каде имало проблеми со дрога и од каде носи трауми.
Јавно зборува и се бори за правата на животните.
Таа е прва русокоса девојка, што победи на овој натпревар по 20 години. Во 2004-та победи русокосата Џенифер Хокинс од Австралија.
-->
Повеќе фотографии од Викторија, најубавата жена на светот во 2024, на следната страница...
-->
Би можело да ве интересира:

Кафе со шеќерна волна и уште 15 фото-докази колку уникатна земја е Кина
Во трговски центар има „остава за мажи“, односно место каде жените може да си ги...

Жена глумела дека е болна од рак за богатиот партнер да ѝ плати импланти за градите
Нејзиниот 44-годишен партнер изјавил дека му украла 8 години од животот и направ...

„Живеам во Данска две години - малите деца сами одат во градинка, а платите се високи“
„Малите деца одат во градинка или на училиште сами и не чувствувате страв кога п...

13 фото-докази дека животот во Скандинавија е подобар отколку на кое било друго место
Автобус со појаси за безбедност на секое седиште, плус можност за полнење на тел...

Бебе се роди во авион среде лет кон Брисел: „Со жена ми бевме на тој лет – секоја чест за тимот“
„Беше посебен момент кога екипажот рече – имаме нов патник на летот“ - Кратко по...

Како помина вселенското патување на Лорен Санчез и Кети Пери со женски екипаж + зошто јавноста ја ис...
Кети Пери им пеела во капсулата, па ја бакна земјата откако се вратија назад. Ка...