И јавноста дозна за нивните неверства - Најскандалозни љубовни триаголници во Холивуд
- Детали
- недела, 08 септември 2024
Џастин Бибер ја изневеруваше Селена Гомез со неговата сегашна сопруга, Џенифер Анистон беше „глува“ на гласините дека Бред Пит ја изневерува со Анџелина Џоли.
Љубовните триаголници се непресушна тема за разговор, особено кога станува збор за познатите личности.
Ова се најскандалозните љубовни триаголници во Холивуд, за кои се зборува и години подоцна.
Роберт Патисон, Кристен Стјуарт и Руперт Сандерс
Актерката Кристен Стјуарт, беше во врска со нејзиниот колега од филмот „Twilight“, Роберт Патинсон, за кој јавно велеше дека е нејзина најголема љубов.
Но, потоа исто така јавно му побара прошка откако го изневери со режисерот Рупертс Сандерс.
После неверството, Кристен и Роберт се обидоа да почнат од почеток, но сепак раскинаа.
„Ако на крајот некој направи нешто што за мене е неприфатливо, едноставно бришам таква личност од мојот живот“, изјави Патинсон една година подоцна во едно од неговите интервјуа.
Џастин Бибер, Хејли Бибер и Селена Гомез
За врската на Селена Гомез и Џастин Бибер сè уште се дебатира, иако ѕвездите раскинаа пред неколку години, а Џастин се ожени со манекенката Хејли Болдвин.
Романсата меѓу Селена и Џастин започна во 2010 година благодарение на нивните менаџери.
Цела година Бибер ги уверуваше сите дека Селена му е „само пријателка“, а врската ја потврдија во 2011 година кога на доделувањето на Оскарите се појавија заедно.
И покрај тоа што Селена постојано му ги простуваше неверствата на Џастин, во 2015 година Џастин ја остави Селена поради Хејли.
Ниту таа љубов не траеше долго и Џастин повторно ѝ се врати на Селена.
Во 2018 година Џастин и Хејли повторно почнаа да се гледаат и љубовта ја крунисаа со брак.
На 23 август 2024 година тие го добија своето прво дете, синот Џек Блус Бибер.