Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Адвокатка од САД руши предрасуди: „На работа носам розова облека и канцеларијата ми е розова“

Розови костими, розов автомобил и розова канцеларија – Кејтлин (33) од САД сака да покаже дека само затоа што сака да се дотерува и розовата ѝ е омилена боја, не значи дека не е добар адвокат. Напротив, таа има своја адвокатска фирма, а на социјалните мрежи редовно споделува и правни совети за доселеници.

advokatka-od-sad-rushi-predrasudi-na-rabota-nosam-rozova-obleka-a-vo-mojata-firma-imam-rozova-kancelarija-01.jpg

Кога помислуваме на професијата адвокат, обично замислуваме жена или маж во (црн) костум.

Ако, пак, влезете во адвокатска канцеларија, сигурно не очекувате да видите розов мебел или нешто слично.

Но, ако го видите токму тоа, веројатно не би го сфатите адвокатот премногу сериозно.

Кејтлин Мартинез од САД сака да го промени ова мислење на јавноста.

advokatka-od-sad-rushi-predrasudi-na-rabota-nosam-rozova-obleka-a-vo-mojata-firma-imam-rozova-kancelarija02.jpg

Таа руши стереотипи и вели дека целта ѝ е луѓето да сфатат дека без разлика каков моден стил има една жена, таа може да биде успешна адвокатка (или успешна во која било друга професија).

Инспирирана од култниот Legally Blonde, во гардероберот на Кејтлин доминира розовата боја, а истото важи и за нејзината канцеларија.

33-годишната адвокатка има и розов автомобил.

advokatka-od-sad-rushi-predrasudi-na-rabota-nosam-rozova-obleka-a-vo-mojata-firma-imam-rozova-kancelarija03.jpg

Кејтлин има своја адвокатска фирма, а најчесто застапува доселеници.

На Инстаграм ја следат 618.000 корисници, додека на ТикТок – 1,5 милиони.

Кејтлин вели дека кога дипломирала во 2017 година и ја добила првата работа, шефот ѝ рекол дека не може да носи светли бои во канцеларија. Притоа, не ѝ дозволувал да работи ништо друго, освен да му први кафе.

„Во адвокатската фирма каде што работев, шефот постојано коментираше за мојот изглед.

Еднаш носев зелен фустан и ми рече дека не може да одам на суд ако не облечам ’попристојна' боја. Јас сепак отидов со зелениот фустан, а дури добив и комплимент од судијката!

Мојата професија е стресна, па модниот стил ми помага повеќе да си ја сакам работата“, вели таа.

Ова ја мотивирало да отвори своја фирма, а голем дел од нејзините вработени се жени.

„Шефот ме отпушти бидејќи не сум се вклопувала со конзервативната фирма и бидејќи не сакав да му правам кафе.

Па, отворив моја фирма и моите вработени можат да носат што сакаат.

Најсмешно е што неодамна поранешниот шеф аплицира кај мене за работа бидејќи ги изгуби сите клиенти“.

Кејтлин стана инспирација за девојките кои ја следат, а доста често дава и правни совети за доселеници на социјалните мрежи.

Во коментари, многу девојки и млади жени ѝ велат дека благодарение на неа се охрабриле да ги следат своите соништа.

Повеќе фотки од Кејтлин на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Била пресреќна што се мажи за милионер, и по 42 години никој не знае каде е - Морничавата приказна н... По само два состаноци ја убедил да почне да живее со него. Таа го придружувала н...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
Јапонија и сè е можно: Дечко дознал дека неговата девојка е 25 години постара од него, на денот пред... По 7 години врска, на денот пред свадбата, младоликата Јапонка Аки му признала н...
„Бев послушна домаќинка која го чека сопругот од работа – Кога се разведовме, морав допрва да учам д... „Сега на 34 години ја добив возачката дозвола и го завршувам средното образовани...
Исповед на жена: „Ме силуваа на 62 години, мислев дека само младите девојки се жртви“ „Неколку месеци по силувањето чувствував болка во абдоменот и при уринирање, тес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg