Џулијан Асанж е слободен човек - По 12 години правна битка и 2 деца добиени во заробеништво
Во неможност да го обвинат за шпионажа, во 2012-та година беше обвинет за силување на жена во Шведска, по што побегна во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде живееше 7 години.
Токму тука ја запознал сопругата Стела Морис, сега Асанж, со која во заробеништво доби 2 деца, за кои никој не знаеше. Стела била негова адвокатка од 2011-та година, со која подоцна започнал и романтична врска.
Во 2019-та година Асанж беше изваден од амбасадата и пренесен во затворот во Лондон, од каде властите во САД се обидуваа да го екстрадираат и да го изнесат пред своите судови.
Се очекува Асанж да се изјасни виновен за заговор за добивање и откривање доверливи документи за националната безбедност на САД и најверојатно од судијата нема да добие поголема затворска казна од 5 години, односно времето што веќе го отслужи додека се бореше против екстрадицијата во затвор.
За потсетување, тој беше обвинет за 18 кривични дела за кои можеше да добие до 175 години во затвор.
Прочитајте и 11 факти за Стела Морис, адвокатката со која Џулијан Асанж добил две деца во заробеништво
Б. С. Б. | Црнобело