„Бев сурогат мајка за пар кој не може да има деца – со парите купив куќа за мене и ќерка ми“
Тели останала во контакт со семејството и по породувањето, а им испраќала и замрзнато мајчино млеко.
„Станавме мошне добри пријатели. Ги сакам и среќна сум што им помогнав. Разговараме постојано и бебето напреднува одлично.
Им испраќам замрзнато мајчино млеко. А, тие ми испраќаат фотки од бебето. Наскоро ќе одам да ги посетам и сум пресреќна за тоа“.
Тели истакнува дека пријателството и тоа што му помогнала на парот не е единствената награда од целото искуството.
За сурогат мајчинството, таа добила надомест од околу 75.000 долари – сума која вели дека ѝ помогнала конечно да си купи свој дом.
„Со години изнајмувам стан и сакав да си купам куќа што ќе биде моја.
Штедев многу години, но како самохрана мајка со еден приход, беше навистина тешко да заштедам доволно“.
Тели смета дека многу луѓе имаат предрасуди за сурогат мајчинството, а паровите кои размислуваат за оваа опција неретко се исплашени.
„Многумина од нив се нервозни. Тие само сакаат да имаат свое дете. А, некогаш сурогат мајчинството е единствениот начин.
Мислам дека ќе им биде од помош ако сфатат дека бебињата можат да дојдат на овој свет на многу начини и само затоа што нивното искуство е поразлично од традиционалното, не значи дека е погрешно“.
Тели открива и кои правила требало да ги следи додека била бремена.
„Не бев ограничена за многу работи, мислам дека бев како и секоја бремена жена. Не треба да јадам суши и слично.
Не требаше да патувам во американските држави каде што сурогат мајчинството не е добро регулирано со закон. Освен тоа, мислам дека не требаше да следам некои други правила.
Требаше само да се грижам за моето тело и да бидам безбедна. Исто така, не смеев да имам нови сексуални партнери“.
Тели зборува и за поврзаноста што ја чувствува со детето што го родила:
„Многу е поразлично отколку она што го чувствувам за мојата ќерка. Го сакам детето што го родив и сакам да има прекрасен живот, но исто така знам дека не е мое.
Не се приврзувам и повеќе ми изгледа како да му бев дадилка – го сакам, се грижев за него и потоа го вратив кај родителите“.
Спирова С. | Црнобело