Се шпекулира дека ѝ е татко на Клои Кардашијан, одговараше за двојно убиство: Кој е О. Џ. Симпсон?
Многумина веруваат дека Клои не е ќерка на Роберт Кардашијан најмногу бидејќи воопшто не личела на нејзините сестри, но и бидејќи мајка ѝ Крис призна дека имала афера.
Во 2011 година, во своите мемоари, Крис Џенер откри дека имала афера додека била во брак со Роберт, но не откри кој бил нејзиниот љубовник.
По нивниот развод, Роберт се венча со жена по име Џен Ешли. Во 2003-та, пак, откако Роберт почина, Џен Ешли излезе со тврдење дека Клои не е негова биолошка ќерка.
„Клои не е негово дете – ми кажа веднаш откако се венчавме. Само ме погледната и ми го кажа тоа како факт.
Ми рече ’Знаеш дека Клои не е Кардашијан, нели?‘“, изјави Џен во интервју во 2012-та.
Оттогаш, гласините не стивнаа.
Симпсон и Роберт Кардашијан биле блиски пријатели уште од факултет, а редовно организирале и семејни дружби.
Роберт бил и дел од адвокатскиот тим на Симпсон.
Што значи, Крис имала многу шанси да биде со него, но секако, ова не е потврдено.
Сепак, шпекулациите беа толку проширени, што за оваа тема се дискутираше и на шоуто на Кардашијанс.
Тогаш Крис проба да ја натера Клои да направи ДНК тест, но Клои одби, изјавувајќи:
„Не ми е гајле што зборуваат. Сериозно, мојот татко е Роберт Кардашијан. Мојот друг татко е Брус (денес Кејтлин) Џенер.
Не ми треба некој да ми кажува кој е дел од моето семејство. Не ми треба ДНК тест да ми покаже кој ми е татко“.
Во 2022 година, и Симпсон (можеби првпат) прозборе за шпекулациите:
„Луѓето си имаат свој тип на партнери што ги сакаат. Секогаш мислев дека Крис Џенер е убава девојка. Беше многу добра.
Но, тој период јас излегував со супермодели. Гласините (за Клои) не се точни. Не се ни приближно точни“.
Спирова С. | Црнобело