„Доби 20 кила мускули за 6 недели со Фотошоп“ – Францускиот претседател мета на потсмев заради новите фотки
- Детали
- четврток, 21 март 2024
„Роки Макрон“ - францускиот претседател Емануел Макрон доби нов прекар откако неговата официјална фотографка објави фотки на кои тој боксува. На Твитер има голем број шеги и мемиња посветени на фотошопираните мускули на претседателот.
Официјалната фотографка на францускиот претседател Емануел Макрон, Соазиг дела Мосоњер на нејзиниот Инстаграм профил објави фотки на кои тој боксува и тренира.
На нив Макрон е со стисната вилица и со напнати мускули и наводно се подготвува за борба, а удира толку силно што мускулите му се истакнати и вените му се излезени нанадвор.
Фотките, според некои, се обид на францускиот претседател да повика на поголема отпор против рускиот претседател Владимир Путин, кој е познат по своите спортски вештини.
А според други, се извор за потсмев и производ на лош Фотошоп.
https://twitter.com/SelinaGreaves21/status/1770569002420502824
Твитерџиите го споредуваат Макрон со легендарниот лик од филмовите со Силвестер Сталоне, Роки Балбоа, а други пак забележуваат неверојатни промени во неговата физичка градба.
Погледнете некои од најзабавните твитови за новите фотки на францускиот претседател:
„Кога Фотошоп ќе те направи незапирлив. Макрон, односно Роки доби 20 килограми мускули за 6 недели. За среќа не можеш да умреш од потсмевање“
https://twitter.com/FilFrance/status/1770755132772216887
„Официјалниот фотограф вчера објави фотки од нашиот национален Роки Балбоа кој тренира за римејк на 'Роки 4' во Русија против Путин. Значи плаќаме даноци за Макрон да има убави фотосесии додека боксува. Луѓево веќе немаат срам од ништо“
https://twitter.com/BOROWSKIMIKE/status/1770387109557223784
„Не, ова е вистинската фотка од Роки МакРон. Овој човек е скромен, одмерен и избалансиран“
https://twitter.com/DalemTheNorman/status/1770534271549141477
„Ова е реалноста“
https://twitter.com/Optimum50/status/1770715067056583002