Македонија е на 84-то место: Кои се најсреќните, а кои „најмизерните“ држави во 2024-та?
- Детали
- среда, 20 март 2024
Македонија е на подобра позиција од лани, додека Финска, очекувано, повторно е на врвот – кои се најсреќните земји според официјалниот извештај на Обединетите Нации?
Секоја година, од Обединетите Нации изготвуваат извештај кој се фокусира на задоволството и среќата на жителите на земјите ширум светот.
Извештајот за 2024-та е објавен денес (20.03), а покажува дека кај Македонија има подобрување.
12-та година по ред, извештајот се изработува врз основа на анкети, во кои луѓето одговараат прашања поврзани со квалитетот на животот во нивната држава, а се земаат предвид и економски и социјални фактори, како животни трошоци, слобода на говор и слично.
Државите добиваат оценка од нула до десет, а оценките за 2024-та се всушност просек од анкетите направени во претходните три години, односно во периодот 2021-2023.
Најсреќната земја, Финска, има 7,741 поени, додека Авганистан, која е на дното, има само 1,721 поени.
Годинава, Македонија се наоѓа на 84-то место од 143 држави, што е мало подобрување за разлика од лани, кога се наоѓаше на 87-то место.
Вo извештајот, Македонија има оценка 5.369.
Од соседните држави, високо котираат Косово (29-тo место), како и Србија (37-мо место).
Грција го зазема 64-тото место, Бугарија e на 81-во, додека Албанија – 87-мо место.
10-те најсреќни држави, почнувајќи од најсреќната:
- Финска
- Данска
- Исланд
- Шведска
- Израел
- Холандија
- Норвешка
- Луксембург
- Швајцарија
- Австралија
10-те најнесреќни држави, почнувајќи од последната:
- Авганистан
- Либан
- Лесото
- Сиера Леоне
- Конго
- Зимбабве
- Боцвана
- Малави
- Есватини
- Замбија
- Јемен
Целиот извештај можете да го погледнете ТУКА.
Спирова С. | Црнобело
фото: depositphotos.com