„На 15 години избегав од најозлогласениот култ – Нè камшикуваа и бев силувана“

Додека да наполни пет години, Даниела имала искусено сексуално насилство, а на само шест години почнала да размислува на самоубиство.

„Имав многу лош сексуален напад, и си реков - ако вака изгледа љубовта на Бог, тогаш не ја сакам.

Другите гледаа како педофилот ме одвлечка. Ме немаше 10 часа. И, никој не постави ниту едно прашање“.

na-15-godini-izbegan-od-najozloglaseniot-kult-ne-kamshikuvaa-i-bev-siluvana12.jpgДел од членовите на култот

Во мемоарите, Даниела вели дека децата редовно биле тепани и камшикувани, некои до тој степен што умирале од повредите.

Истовремено, родителите не смееле да ги гледаат.

„Родителите веруваа во концептот дека треба да ги жртвуваат нивните деца за Бог и да ги претворат во ’совршени божји војници‘“.

na-15-godini-izbegan-od-najozloglaseniot-kult-ne-kamshikuvaa-i-bev-siluvana03.jpgЧленови го промовираат култот

Даниела почнала да го планира бегството во тинејџерските години бидејќи, како што вели, штом некој наполни 16 години, мора да има секс со кој и да го побара тоа од него.

„Морав да избегам пред да наполнам 16 бидејќи тогаш си присилена на секс, без контрацепција бидејќи, секако, од култот сакаат да останеш бремена“.

na-15-godini-izbegan-od-najozloglaseniot-kult-ne-kamshikuvaa-i-bev-siluvana02.jpgЧленови го промовираат култот

Таа успеала да избега со помош на мајка ѝ и со себе имала само пасош.

Даниела истакнува дека ѝ биле потребни години за да се ослободи од догмата на култот, но успеала да се снајде во реалниот свет.

Денес таа има дете и голем дел од времето минува едуцирајќи ги другите за психолошките трикови што ги користат култовите за да придобијат нови членови.

na-15-godini-izbegan-od-najozloglaseniot-kult-ne-kamshikuvaa-i-bev-siluvana10.jpgДаниела со партнерот и нејзиното дете

Култот постои скоро шест децении, а Даниела верува дека денес има околу 1.500 членови.

Никој од култот не одговарал за злосторствата што се случувале внатре, а голем дел од истрагите замреле по смртта на основачот.

na-15-godini-izbegan-od-najozloglaseniot-kult-ne-kamshikuvaa-i-bev-siluvana13.jpgОсновачот на култот

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg