„На 15 години избегав од најозлогласениот култ – Нè камшикуваа и бев силувана“
- Детали
- сабота, 16 март 2024
„Морав да избегам пред да наполнам 16 бидејќи тогаш си присилена на секс, без контрацепција бидејќи, секако, од култот сакаат да останеш бремена“, раскажува Американка за потресното искуство во секс култот Children of God кој постои и денес.
Досега можеби сте слушнале за озлогласениот култ Children of God (божји деца). Ова е всушност култот каде што пораснале актерите Хоакин Феникс и Роуз Мекгован.
Роуз успеала да побегне од култот на 10-годишна возраст, заедно со нејзината мајка, додека Хоакин избегал со родителите и брат му.
Култот постои до денес, без разлика што луѓето кои побегнале оттаму раскажуваат страшни приказни за она што се случува.
Имено, децата од култот биле присилувани на сексуални односи со возрасни, а често било и физичкото и психичкото малтретирање.
Даниела Местјанек Јанг е една од жртвите на култот.
Даниела Местјанек Јанг
36-годината жена за британскиот The Sun го раскажува своето трауматично искуство во култот, но и како успеала да избега.
Таа открива дека нејзиниот татко бил истакнат член, а детството го поминала на релација САД – Мексико – Бразил, во комуните на култот.
„Children of God стана познат како секс култ. Денес официјално велат дека повеќе не се случуваат такви работи. Низ годините, култот си го промени името и успеа да преживее“.
Даниела со деца од култот
Даниела, која избегала од култот на 15-годишна возраст, има напишано и книга за нејзиното искуство, насловена Uncultured.
Во детството, на Даниела ѝ било забрането да чита што било друго освен Библијата, а физичкото, сексуалното и психолошкото насилство биле речиси секојдневие.
Насилниците ѝ велеле дека сето тоа било за да ја натераат да ја покаже својата љубов кон Бог.
„Ни велеа дека надворешниот свет е злобен и лош.
Но, светот во којшто живеев беше исполнет со секакво насилство, казнување, запоставување на медицински потреби, сексуално насилство, забрана за образование…“
Даниела пред да побегне од култот
Мајката на Даниела имала само 13 години која ја присилиле да се венча со 39-годишен истакнат член на култот.
Таа вели дека култот практично бил место за трговија со деца и принудна работа. И самата Даниела била присилена да проси на улиците во Латинска Америка.
Во 1970-тите, култот го привлекол вниманието на властите, по што неговата моќ се намалила. Но, Даниела вели дека во 1990-тите се вратил со полна сила, и тоа ребрендиран.
„Почнавме да се нарекуваме ’семејство‘ и голем дел од времето ги вежбавме одговорите на прашањето дали сме култ“.
Членови на култот протестираат за нивните „права“
Таа вели дека култот толку добро си ја поправил репутацијата, што некои од децата двапати биле повикани во Белата куќа, како гости.