Детали за претсвадбената прослава на синот на најбогатиот Индиец (фото)
- Детали
- понеделник, 04 март 2024
За време на 3-дневната прослава, гостите требало да почитуваат строг дрес код за кој добиле прирачник од дури 9 страници. Како изгледаше претсвадбената прослава на синот на најбогатиот човек во Индија, но и Азија, каде што настапуваше и Ријана?
Кога ќе се земе предвид дека на претсвадбената прослава пееше Ријана, можеме само да замислиме како ќе изгледа свадбата на синот на најбогатиот Индиец во светот.
Мукеш Амбани е најбогатиот Индиец, но и најбогатиот човек во Азија, а летово неговиот син – Анант Амбани – ќе прави свадба.
Богатството на Мукеш се проценува на 117 милијарди долари, а тој важи и за 11-тиот најбогат човек во светот.
Син му Анант ќе се венча со Раика Мерчант, ќерка на друг богаташ, а свадбата е закажана за јули.
Прочитајте и: Ријана пееше кај најбогатиот Индиец: Доби 6 милиони долари, ги згреши имињата на идните младенци
Во петокот, пак, тие почнаа тридневна претсвадбена прослава која заврши вчера (03.03).
Во текот на минатата недела, тие имале и други активности во склоп на венчавката.
Што знаеме за ексклузивната прослава на која присуствувале некои од најбогатите и најмоќните луѓе во светот?
Младенците организирале вечера за локалците
Во средата (28.02), пред прославата, младенците организирале вечера за нивните сограѓани од индиската област Гуџарат.
Вечерата се одржала во близина на село во областа, а присуствувале дури 51.000 жители.
Наводно, семејството Амбани имало традиција за секоја семејна прослава, како свадба, да организира ваква вечера за локалците.
Гостите ги забавуваше Ријана
На претсвадбената прослава која се одржа во петокот (01.03) гостите уживале во настапот на Ријана.
Ова е прв настап на пејачката по осум години, а испеала 19 песни, вклучувајќи ги и нејзините најголеми хитови како Umbrella и Diamonds.
Ова не е првпат богатото семејство да најми голема ѕвезда. Во 2018-та, на свадбата на единствената ќерка на милијардерот настапуваше Бијонсе.
На други прослави, богаташот ги има најмено фронтменот на Coldplay – Крис Мартин – и Адам Левин.
На 3-дневната прослава биле поканети околу 1.200 гости
А, меѓу гостите биле некои од најбогатите и најмоќните луѓе како Марк Закерберг, Бил Гејтс, Иванка Трамп... Секако, присуствувале и познати индиски актери, музичари и други славни личности.