„Мислев дека сопругот ми носи појадок во кревет – тој ми ставал отров за да го убие бебето во мојот стомак“
Кога сфатила дека почнала неконтролирано да крвави, веднаш заминала во болница, а крвавењето не престанало ниту откако ја пуштиле на домашно лекување.
Кетрин тогаш сфатила дека нешто не е во ред со нејзиниот сопруг, кој постојано ѝ носел нови пијалаци, кои содржеле непознати супстанци.
За среќа, мајката зачувала остатоци од пијалаците што сопругот ѝ ги давал и потоа контактирала приватен детектив кој ги испратил примероците во лабораторија на тестирање.
Се покажало дека барем два од примероците содржат мизопростол, супстанца која се користи за да се предизвика абортус.
Со помош на детективот, Кетрин поставила скриени камери во домот, а во ѓубрето нашла и амбалажа од лекови кои во себе ја содржат спорната супстанца.
Таа го „уловила“ на камера сопругот како ѝ подготвува сок, во кој става од супстанцата, а потоа ѝ го дава да го испие.
Со овие докази Кетрин заминала во полиција, а по еден месец тој бил уапсен со обвинение дека извршил напад за да предизвика абортус и напад врз бремена личност.
Казната што овој сопруг ја заработил е минимална во споредба со штетата што ја нанел на семејството. Тој е осуден на 6 месеци во затвор и 10 години условна казна, а забрането му е да ја види ќерката која се родила неколку месеци по неговото апсење.
Девојчето било родено предвреме, со тешки проблеми во развојот.
„Не верувам дека 6 месеци е праведна казна за некој што седумпати се обидел да го убие своето дете“ – изјави Кетрин пред судот.
Б. С. Б. | Црнобело