„Мислев дека сопругот ми носи појадок во кревет – тој ми ставал отров за да го убие бебето во мојот стомак“
- Детали
- среда, 28 февруари 2024
„Ми велеше: ‘Ајде испиј ја водата, морам да одам’“ – жена од САД ја раскажува хорор приказната за тоа како нејзиниот сопруг, глумејќи загрижен татко и сопруг, се обидел да го убие бебето со кое таа била бремена.
Кетрин Херинг (39) од Тексас, САД деновиве е топ тема во светските медиуми заради страшната приказна и хоророт што го преживеала, благодарение на нејзиниот поранешен сопруг, кој под маската на грижлив татко, сакал да го убие нивното неродено дете.
Кетрин била во брак со сопругот Мејсон 10 години и заедно имале две деца, но во февруари 2022-ра година таа почнала да се сомнева дека нешто не во ред во нивната врска.
Таа го фатила сопругот, кој работел како адвокат, како се допишува со поранешна колешка, но кога му се спротивставила, тој рекол дека го прекинал контактот со неа.
Набрзо потоа тврдел дека му треба време за себе, по што одлучил да го напушти семејниот дом.
Но, откако Кетрин му соопштила дека е бремена по третпат, работите целосно се промениле. Тој одеднаш одлучил да се врати дома, за да поминува повеќе време со неа и со децата.
Кетрин мислела дека работите меѓу нив се подобри од кога било, па дури Мејсон се понудил наутро да ѝ подготвува појадок во кревет, пред да замине на работа.
Но, едно утро ѝ донел бисквити и чаша вода и ја терал да испие и да изеде сѐ, пред тој да си замине, по што таа почнала да се сомнева во неговите намери.
„Ми велеше: ‘Ајде испиј ја водата, морам да одам’ и некако слушнав гнев во неговиот глас“ – раскажува Кетрин и вели дека тогаш видела дека водата е заматена.
Само половина час откако ја испила водата, Кетрин почнала да чувствува болки во стомакот и имала силна дијареја.