Се разведоа, но и по 28 години сѐ уште живеат заедно – Дали најскандалозната кралска двојка пак ќе стапи во брак?
-->
Но, сите знаат дека и покрај тоа што Сара и Ендрју се разведоа во 1996-та година, тие двајца сѐ уште се во пријателски односи и сѐ уште живеат заедно.
Иако Сара има свој имот во Лондон, таа кога е таму престојува заедно со нејзиниот поранешен сопруг во Royal Lodge, кој е дел од Виндзор.
Во една пригода, таа изјави:
„Ние сме најсреќниот разведен пар во светот. Ние се разведовме еден со друг, а не еден од друг“.
-->
Ендрју беше покрај поранешната сопруга и ѝ даде поддршка во периодот кога таа се бореше со ракот на дојка и мораше да ѝ биде направена мастектомија. Таа престојуваше во неговиот дом, а тој ѝ помагаше со закрепнувањето.
Сара постојано застанува во одбрана кога Ендрју заради неговата поврзаност со осудениот педофил Џефри Епстин и јавно ги отфрла сите обвинувања упатени на негова сметка.
„Додека кралицата беше жива, ние двете се трудевме да му помогнеме да го помине овој период. Ние сме мошне цврсто семејство и никој не може да го скрши семејството Јорк“ – рече таа.
-->
-->
Со оглед на тоа што тие живеат заедно и покрај тоа што се разведени, постојано кружат гласини дека е можно најскандалозниот пар во британското кралство семејство пак да застане пред олтар.
„Ние заедно се грижиме за нашите деца, се поддржуваме и веруваме дека семејството е сѐ. Горда сум на тоа што го постигнавме заедно, како ги воспитавме нашите деца и тоа што издржавме како цврсто семејство.
Тоа го постигнавме со комуникација, компромис и сочувство“ – рече Сара.
-->
За скандалите што ја „тресеа“ Сара и за нејзиниот проблематичен однос со принцезата Дијана, можете повеќе да прочитате ТУКА.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“
По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“
„Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци
70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па...
„Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“
„Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де...
Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...