Исповед на жена: „Родена сум од сурогат мајка – Како тоа се одрази врз мојот живот?“
Набрзо потоа го запознала сопругот Матијас, со кого стапила во брак на 24 години, а додека мајка ѝ сѐ уште не сакала да ѝ ги открие деталите за нејзиното потекло, свекрва ѝ ѝ помогнала така што ѝ купила опрема за веб-сајтовите за откривање на ДНК потекло.
Така, Оливија имала можност да ја запознае нејзината биолошка и сурогат мајка, која ја зачнала со сопствените јајце клетки, за што била добро компензирана.
„Сакав да ја прашам зошто ги задржала другите деца, а мене ме продала... Но, наместо тоа, ја прашав која ѝ е омилена боја. Виолетова. Исто како мене.
Таа ми покажа фотографии додека била бремена со мене и одеднаш се чувствував поврзано. Изгледаше исто како мене: очите, косата, линијата на брадата.
Јасно е дека тоа е мајка ми и за првпат имав можност да запознаам некој роднина“ – раскажува Оливија.
Оливија вели дека родителите што ја одгледале веќе не сакаат да ја видат затоа што не го оправдуваат тоа што таа излегла и јавно ја раскажала својата приказна.
„Но, јас не можам да молчам затоа што и ден-денес се мачам со траумите што ги носам од моето потекло“ – вели таа.
Б. С. Б. | Црнобело