Исповед на инфлуенсерка: „На Инстаграм животот ми е совршен, но немам пари за сметки, храна, ни пелени за син ми“
- Детали
- среда, 22 ноември 2023
„Сите мислат дека со семејството живееме како на филм. Но, Инстаграм не ја покажува целата слика. Реалноста е дека не можам да си дозволам гориво за автомобилот или пелени за син ми. Ни ја исклучија струјата, а шкафчињата во кујната ни се празни“, вели Инстаграм инфлуенсерка чиј живот изгледа совршено, но во реалноста едвај сврзува крај со крај.
38-годишната Карен Хоуден од САД е Инстаграм инфлуенсерка која решила да ја прикаже мрачната реалност на овој начин на живот.
Додека на Инстаграм изгледа како да има живот на кој другите би завиделе, во реалноста со сопругот едвај сврзуваат крај со крај и немаат пари ни за најосновни работи, како храна, па и пелени за нивниот син.
Нејзината исповед во продолжение:
„Како Инстаграм инфлуенсерка со 35.000 следбеници, можам да имам прекрасни денови со моите синови. Носиме дизајнерска облека, одиме во забавни паркови и отседнуваме со луксузни хотели во Лондон.
Соработуваме со брендови како Нетфликс, Дизни и ИКЕА. И, сме добивале секакви подароци – од играчки и облека, до базени, па дури и одмори во странство.
Објавувам убави фотки и видеа од нашето семејство, доловувајќи ги убавите работи што можеме да ги правиме…
Сите мислат дека имаме прекрасен живот – како на филм. Но, Инстаграм не ја покажува целата слика. Работите се многу поразлични кога не снимам или фотографирам. Инстаграм ја крие мојата финансиска реалност.
Реалноста е дека не можам да дозволам гориво за автомобилот или пелени за син ми. Ни ја исклучија струјата, а шкафчињата во кујната ни се празни. Со долг од илјадници евра, страв ми е да излезам од дома.
Секое патување на коешто одиме ни е подарок – билетите, хотелот, оброците. Бидејќи ние немаме пари за тоа.
Една вечер ова лето, како што ги објавував вообичаените содржини на Инстаграм, одеднаш почувствувам дека не го сакам тоа. Тоа што сакав да прикажам совршен живот беше стресно и погрешно. Сфатив дека е време да ја споделам другата страна.
Се чувствував засрамено и почнав да пишувам друга објава, каква што немав напишано претходно.
Напишав: 'До сите вие кои се измачувате, сакам да знаете дека не сте сами. Денес го допрев дното. Само што им ја дадов последната храна на децата – ги лажев и им реков дека е време ручек, без разлика што беше 11 часот наутро.
Еве ја вистината од која сум исплашена и засрамена. Утре ќе ни ја исклучат струјата. Веќе немаме интернет бидејќи не можев да ја платам сметката. На син ми му требаат пелени, но треба да чекам до вторник за да ги купам – трча по дома гол'.
По објавата, се случи нешто неочекувано – над 1.000 следбеници стапија во контакт со мене, повеќето со срцепарателни приказни како мојата. ’Ги продадов играчките на син ми за гориво‘, ’Буквално собирам трошки од шкафчињата за да направам јадење‘ и ’Живеам само од овес за моите деца да имаат што да јадат‘.
На социјалните мрежи ги гледате сите овие прекрасни работи што ги прават луѓето и си мислите: ’На сите им оди толку добро, само јас ли се измачувам? Само јас ли не успевам?‘
Кога научив дека и други семејства се во иста положба, сфатив дека не сум сама. И, сфатив дека не ми требаат многу пари за да бидам добра мајка – на децата им требаат само моите љубов и внимание“.