Првата Мис универзум од Тајланд изгледа како девојка и на 76 години (фото)
- Детали
- сабота, 18 ноември 2023
Првата жена од Тајланд која ја освои титулата Мис универзум е 76-годишната Апасра Хонгсакула. Таа победи на натпреварот во 1965 година, но до денес изгледа речиси исто и плени со својот младешки изглед.
Апасра Хонгсакула од Тајланд победи на Мис универзум во далечната 1965 година и стана првата жена од нејзината земја која се закити со оваа титула.
Денес Апасра има 76 години, но се чини дека времето запрело за неа.
Во ерата на пластични операции, Апасра многупати е критикувана дека за нејзиниот младешки изглед се „виновни“ токму овие и слични процедури.
Но, таа негира и вели дека само води многу добра грижа за себе.
Според нејзиниот менаџер, Апасра се храни здраво, вежба редовно и никогаш не го напушта домот без крем со фактор.
Апасра е родена во Банкок, но родителите ја испратиле на училиште во Малезија.
Беше во брак со член на кралското семејство од Тајланд со кого доби и син.
Парот беше заедно од 1967 до 1969 година.
Подоцна, во 1985 година, Апасра се венча со вториот сопруг со кого исто така доби дете, но и се разведе по 10 години брак.
Во 1964 година, кога била средношколка, Апасра победи на натпреварот Мис Тајланд, а следната година победи на Мис универзум.
Во 1973 и 1979 година Апасра беше и судијка на натпреварот.
Повеќе фотки од Апасра: