„Работам како хигиеничарка и чистам гола – Некогаш и мажите што ме најмуваат се соблекуваат“

Лоти од Англија работи како хигиеничарка, но секогаш чисти гола. Вели дека повеќето мажи што ја најмуваат се мошне учтиви и само сакаат друштво, но имало и мажи кои очекуваат нешто повеќе од чистење. Во една пригода, еден маж пуштил и порно филм додека таа чистела. Бизарно, зарем не?

rabotam-kako-higienicharka-i-chistam-gola-nekogash-i-mazhite-shto-me-najmuvaat-se-soblekuvaat-001.jpg

Сè почесто луѓето најмуваат хигиеничарки за нивниот дом. Можеби и вие имате најмено или барем сте размислувале за таа опција.

Лоти Раи од Англија работи како хигиеничарка, но за разлика од останатите, таа чисти гола.

32-годишната жена вели дека наплаќа 56 евра од час и истакнува дека нејзината задача е само да го исчисти домот.

rabotam-kako-higienicharka-i-chistam-gola-nekogash-i-mazhite-shto-me-najmuvaat-se-soblekuvaat-04.jpg

Сепак, вели дека неретко луѓето кои ја најмуваат мислат дека нуди и други услуги, како секс.

„Има некои луѓе кои се морничави – неколку мажи за коишто имам чистено мислеа дека ќе добијат нешто друго.

Јасно им кажувам дека сум дојдена само за да чистам, но тие ми велат дека имале хигиеничарки кои биле стриптизети или барем ги масирале“, вели Лоти.

rabotam-kako-higienicharka-i-chistam-gola-nekogash-i-mazhite-shto-me-najmuvaat-se-soblekuvaat-05.jpg

Девојката почнала со бизарниот бизнис во 2017 година кога сакала да заработи повеќе пари. Според неа, дефинитивно не би го работела ова доколку не заработувала добро.

„Секогаш барам начин да заработам повеќе пари и навистина сакам да сум гола. Па, си реков да пробам да чистам без облека“.

rabotam-kako-higienicharka-i-chistam-gola-nekogash-i-mazhite-shto-me-najmuvaat-se-soblekuvaat-02.jpg

Но, откако ја добила првата понуда за работа, се исплашила. Имено, таа ја пребарала адресата на Гугл и сфатила дека станува збор за изолирана куќа во шумски предел. Па, воопшто не отишла.

„По некое време си реков ’јас можам‘ и почнав да прифаќам понуди за работа. Низ годините сум сретнала секакви луѓе“.

rabotam-kako-higienicharka-i-chistam-gola-nekogash-i-mazhite-shto-me-najmuvaat-se-soblekuvaat-03.jpg

Лоти вери дека помладите мажи кои ја најмуваат само сакале да пробаат нешто ново и не ја вознемирувале. Повеќето и само сакале да имаат друштво во домот.

Но, имало и мажи кои инсистирале за нешто повеќе - Лоти била во ситуација кога еден маж пуштил и порно филм на телевизија додека таа чистела.

Девојката имала и редовен клиент кој е нудист.

„Тој е веќе гол кога ќе дојдам јас. Пиеме кафе, си играм со неговото куче, па потоа чистам. Има и други клиенти кои се соблекуваат – некои се навистина нервозни на почетокот и им треба време да се опуштат“.

rabotam-kako-higienicharka-i-chistam-gola-nekogash-i-mazhite-shto-me-najmuvaat-se-soblekuvaat-06.jpg

Иако има бизарна професија, Лоти вели дека партнерот и семејството ја поддржуваат.

„Семејството и пријателите знаат што работам, но мислам дека некогаш се прашуваат зошто. Мислат дека сите мажи кои ме најмуваат се чудни и перверзни, но повеќето се навистина добри луѓе“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg