„Ќерка ми со аутизам, која не зборува, ѝ кажа на сестра си дека ја сака - се стопив“

„Сестринската љубов помеѓу моите деца е многу силна, иако едната има аутизам. Додека си играа, Анабел почна да ја допира Лили по очите и да испушта звуци кои наликуваа на зборови. Ѝ кажа дека ја сака. Не сум доживеала помоќен момент во животот. Со Лили се свртевме една кон друга и подзинавме од среќа“, раскажува мајка на дете со аутизам.

kjerka-mi-so-autizam-koja-ne-zboruva-i-kazha-na-sestra-si-deka-ja-saka-se-stopiv-od-srekja-01.jpg

Кели Рок има две ќерки, Лили (9) и Анабел (6). Помалата, Анабел, е дете со аутизам и не зборува.

Но, според Кели, таа наоѓа други начини да комуницира со семејството.

„Анабел има аутизам и не зборува, но тоа не значи дека нема што да каже. Таа ги користи сите можни средства за комуникација за да ја пренесе пораката што сака да ја сподели со нас.

Кога плаче, ми ги зема рацете, ги става пред нејзините очи и ми покажува движења од песничката The Wheels on the Bus, со кои како да сака да ми каже да ѝ ги избришам солзите.

Ова само ми покажува дека таа сака да комуницира со мене и дека избира некој свој начин да го направи тоа.

А кога ќе ѝ ги избришам солзите, на нејзиното лице гледам олеснување. Таа можеби ќе продолжи да плаче, но знам дека знае колкава љубов и поддршка има во тој момент и дека е на сигурно во мојата прегратка.

kjerka-mi-so-autizam-koja-ne-zboruva-i-kazha-na-sestra-si-deka-ja-saka-se-stopiv-od-srekja-05.jpg

Но, комуникацијата со неа не е секогаш наједноставна. Понекогаш мора да ја следам интуицијата за да сфатам што сака да ми каже.

Во последно време има моменти кога не е вознемирена, но ми ги вади очилата и само гледа интензивно во моите очи. Иако во тие моменти не знам што сака да ми каже или да направи, знам дека секое нејзино однесување е начин на комуникација, а секој поглед е прашање за нешто што ја опкружува.

Нејзините чувства се како санта мраз. Едно чувство се гледа на површината, но под мразот има уште многу скриени чувства кои таа не ги покажува, бидејќи не знае како.

kjerka-mi-so-autizam-koja-ne-zboruva-i-kazha-na-sestra-si-deka-ja-saka-se-stopiv-od-srekja-04.jpg

Но, неодамна се стопив од среќа.

Анабел и Лили си играа. Лили е многу добра со Анабел, ја чува и се грижи за својата помала сестра, постојано ѝ покажува љубов.

Нивната сестринска љубов е толку чиста и реална, што не можам да посакам ништо повеќе за моите деца.

И додека седеа една покрај друга, Анабел почна да ја допира Лили по очите и да испушта звуци кои наликуваа на зборови.

„Теееееее сссссссссс ааааааа каааам Лилииии“ – некако вака звучеа зборовите што ги кажа на цел глас.

kjerka-mi-so-autizam-koja-ne-zboruva-i-kazha-na-sestra-si-deka-ja-saka-se-stopiv-od-srekja-02.jpg

Не сум доживеала помоќен и посреќен момент во мојот живот.

Јас и Лили испуштивме воздишка, се свртевме една кон друга и подзинавме. Почнав да плачам од среќа.

Се надевам дека овој момент ќе се повтори уште многу, многу пати во иднина“.

kjerka-mi-so-autizam-koja-ne-zboruva-i-kazha-na-sestra-si-deka-ja-saka-se-stopiv-od-srekja-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg