„Го контролирам животот на ќерка ми (33) - јас ѝ го одобрив сопругот, ја следам преку апликација каде оди“

Кога лани Хана, сопругот и нивните пет ќерки биле на одмор во Јамајка, Ема одела во нивниот дом за да ги проверува милениците.

За време на една посета сфатила дека не ѝ се допаѓа кујната, па разместила речиси сè. Дури и ја префарбала.

„Не сум вмешана само во вакви практични работи. Се грижам и за нејзините пријателства. Мислам дека подобро можам да забележам токсично пријателство од неа и ѝ имам кажувано кога треба да престане да контактира со одредени луѓе.

Обично го слуша мојот совет“.

go-kontroliram-zhivotot-na-kjerka-mi-ima-33-godini-sekogash-znam-kade-i-kazhuvav-koga-da-ima-seks-za-da-zabremeni-07.jpg

Ема признава дека некогаш оди и до екстреми. Имено, ќерка ѝ имала инфекција на бубрезите, но Ема не можела да ја види. Па, следниот ден решила да ја посети.

„Отидов кај неа да видам како е. Беше 6:30 наутро и сама влегов во куќата. Уште беше темно, но се качив на вториот кат. Хана и нејзиниот сопруг уште спиеја, па јас седнав на спалната и си ’скролав‘ на телефонот.

Веројатно ги разбуди светлината од мојот телефон и беа малку исплашени кога сфатија дека и јас сум таму. Но, мислам дека не беа изненадени што ме гледаат. Сепак, многупати претходно имам одено кај нив ненајавена.

Луѓето можеби мислат дека моето однесување е чудно, но јас мислам дека е слатко што се грижам толку многу за неа“.

go-kontroliram-zhivotot-na-kjerka-mi-ima-33-godini-sekogash-znam-kade-i-kazhuvav-koga-da-ima-seks-za-da-zabremeni-04.jpg

Ема ја избрала и венчаницата на ќерка ѝ, како и фустаните на девериците. Вели дека на Хана не ѝ се допаѓале, но Ема сметала дека изборот треба да биде нејзин, бидејќи таа ги плаќа.

Ема одела дотаму што се мешала и во сексуалниот живот на ќерка ѝ.

„Пред да го роди последното дете, со сопругот се надеваа за момче. Јас направив истражување – им напишав план што да јадат, кога да имаат секс, како и совети за сексуалниот однос и позите за да ги зголемат шансите за да добијат момче.

Но, Хана не ме послуша и добија ќерка која многу ја сакам“.

go-kontroliram-zhivotot-na-kjerka-mi-ima-33-godini-sekogash-znam-kade-i-kazhuvav-koga-da-ima-seks-za-da-zabremeni-08.jpg

Ема вели и дека пробува да им ја покаже истата „љубов“ на внуците и дека веќе пробува да ги контролира што е можно повеќе.

Но, се чини дека на Хана сепак ѝ е „преку“ глава од мајка си.

Daily Mail го споделува и нејзиното мислење.

„Некогаш сакам да се скријам од телефонските повици на мајка ми и двапати да ја заклучам влезната врата. Нормално дека сама сакам да го контролирам мојот живот“.

go-kontroliram-zhivotot-na-kjerka-mi-ima-33-godini-sekogash-znam-kade-i-kazhuvav-koga-da-ima-seks-za-da-zabremeni-09.jpg

Хана вели дека ѝ пречи што мајка ѝ оди на родителски место неа без да се консултираат, што го избрала секој детаљ за нејзината свадба, додека на нејзините ќерки им пречи што баба им постојано знае каде се.

Таа вели и дека нејзиниот сопруг не се жали, но истакнува:

„Колку мажи можат да кажат дека се разбудиле и ја виделе свекрва им како седи на работ на креветот?“

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg