„Го контролирам животот на ќерка ми (33) - јас ѝ го одобрив сопругот, ја следам преку апликација каде оди“
- Детали
- петок, 03 ноември 2023
„Секое утро, сопругот ме буди со шолја кафе и ми го дава телефонот. Уште пред да се напијам од кафето, проверувам дали имам пораки од моето единствено дете – Хана. Потоа, ја отворам апликацијата за локација со која можам да видам каде е во секој миг. Обично ја проверувам на неколку часа. Ќерка ми не е тинејџерка, туку 33-годишна жена со сопруг и деца“, гордо вели Ема Парсонс од Англија.
Ема Парсонс Рид од Англија е мајка каква што ретко кој би посакал.
Таа има 33-годишна ќерка и со гордост открива дека го контролира секој аспект од нејзиниот живот – од профилите на социјалните мрежи, до тоа кога треба да има секс и во кои пози ако сака да добие син.
Во колумна за Daily Mail, Ема отворено зборува за тортурата што ѝ ја врши на ќерка си и, притоа, убедена е дека не прави ништо погрешно.
„Секое утро, сопругот ме буди со шолја кафе и ми го дава телефонот. Уште пред да се напијам од кафето, проверувам дали имам пораки од моето единствено дете – Хана.
Потоа, ја отворам апликацијата за локација со која можам да видам каде е во секој миг. Добивам нотификација кога ќе пристигне или ќе си замине од некаде. Обично ја проверувам на неколку часа.
Лесно е да претпоставите дека Хана е тинејџерка, а дека јас сум загрижена за нејзината безбедност додека оди на училиште. Или, дека е бруцош кој само што почнал со студии и првпат е сама. Но, Хана не е ниту студентка, ниту тинејџерка. Таа има 33 години и самата е мајка“, ја почнува Ема својата приказна.
Таа вели дека возраста на Хана не ја спречува да биде вмешана во секој аспект од нејзиниот живот.
Ема ги знаела лозинките на сите профили на Хана, имала клуч од нејзиниот дом и ѝ се јавувала трипати дневно.
„Имам влијание врз нејзините пријателства, работни места, па дури и ѝ го одобрив сопругот. Нема дел од нејзиниот живот кој не ми е достапен“, додава таа.
Ема е убедена дека со оваа контрола најдобро ја покажува нејзината љубов кон ќерка си. Исто така, таа верува и дека ѝ го прави животот полесен.