Бремена манекенка од САД пронајдена врзана и мртва во нејзиниот фрижидер – Јавноста мисли дека има сериски убиец
- Детали
- четврток, 02 ноември 2023
Во септември годинава, Малиса Муни од Лос Анџелес била пронајдена врзана и мртва во нејзиниот фрижидер. Полицијата нема осомничени, но дел од јавноста мисли дека станува збор за сериски убиец бидејќи само два дена претходно, на сличен начин беше убиена уште една манекенка од Лос Анџелес.
Малиса Муни беше модел и агент за недвижности чија насилна смрт ја згрози јавноста.
Во септември годинава, 31-годишната девојка беше најдена мртва во нејзиниот дом.
Уште поморничаво е што нејзиното тело било во фрижидер, била врзана и имало јасни знаци на насилство.
Односно, во извештајот од аутопсијата пишува дека Малиса била претепана, врзана и на крај затворена во нејзиниот фрижидер.
Според нејзиното семејство, Малиса била и во вториот месец од бременоста.
По наоѓањето на нејзиното тело на 12-ти септември, се огласи нејзината сестра која истакна дека Малиса умирала бавно и била измачувана.
„Глуждовите ѝ беа скршени… нејзините дланки, нејзините нозе. Деталите се ужасни. Дефинитивно се мачела. Смртта не била нешто што се случило брзо“, изјави сестра ѝ за NewsNation.
Неодамна беа објавени резултатите од аутопсијата на девојката кои покажале дека во нејзиниот организмот имало траги од алкохол и кокаин.
Сепак, истакнато е дека не е сигурно колкаво влијание имале врз нејзината смрт. Всушност, можно е и воопшто да не биле поврзани со трагичниот настан.
„Повредите на телото генерално не биле заканувачки по живот. Сепак, според околностите во кои е најдена госпоѓа Муни, овие повреди укажуваат на тоа дека била вклучена во физичка пресметка пред нејзината смрт“, пишува во извештајот, споделува Daily Mail.
Малиса последен пат била забележан на 6-ти септември – била снимена на безбедносните камери од нејзината зграда.
Бидејќи неколку дена немало никаква трага од неа, семејството се загрижило, па на 12-ти септември полицијата го пребарала нејзиниот стан.
Нејзиното семејство откри дека Малиса се вселила во тој стан непосредно пред смртта.
„Кога помина една недела, знаевме дека нешто се случило. Пораките што ѝ ги праќавме, не ги добиваше“, открива нејзина братучетка.
Зградата во којашто живеела Малиса
Според сестра ѝ, телото на Малиса било во толку лоша состојба, што дури и патологот што го видел почнал да плаче и го советувал семејството да не ја гледаат.
„Знам дека била измачувана. Убиецот ѝ направил многу работи. Полицијата не може ни да одреди што точно ја убило“, додава сестра ѝ.
Целиот случај е обвиен со мистерија бидејќи полицијата не можела да најде ни осомничени.
Во станот немало знаци за насилно влегување, па не е познато ни како убиецот влегол во станот. Постои претпоставка дека Малиса можеби го знаела и самата го пуштилa внатре, но ни ова не е потврдено.
Само два дена пред грозоморната смрт на Малиса, во Лос Анџелес бил убиен уште еден модел.
Другата убиена манекенка - Никол Коутс
32-годишната Никол Коутс била најдена мртва во нејзиниот дом, целата облеана во крв.
И во нејзиниот организам имало траги од кокаин и алкохол.
Според полицијата во Лос Анџелес, двете убиства не се поврзани, без разлика што се слични.
Сепак, дел од јавноста мисли дека можеби станува збор за сериски убиец, особено ако се земе предвид дека двете девојки се Афроамериканки и работеле како модели.
Спирова С. | Црнобело