„Трошам преку 1.000 евра за детска облека, го носам синот на скапи патувања - мајките ме критикуваат од љубомора“
- Детали
- петок, 03 ноември 2023
„Треба да живеете според вашите можности. Па, ако можете да си дозволите малку луксуз, тогаш зошто да не?“, вели самохрана мајка од Лондон, која неодамна потроши околу 7.500 евра за четиридневно патување во Дизниленд.
Самохраната мајка од Џоди Вестон (30) од Лондон, стана мета на критики откако се појави во емисијата Rich Kids Go Skint и откри дека троши илјадници евра за својот син секој месец.
Таа призна дека секој месец дава преку 1.000 евра за облека за синчето, но и дека одбива да оди на евтини одмори. Џоди неодамна потроши преку 7.500 евра за патување во Дизниленд Париз за да го прослави првиот роденден на нејзиниот син Коа.
Џоди, која е професионален диџеј и има над 217.000 следбеници на Инстаграм, вели дека мајките кои ја критикуваат, всушност ѝ љубоморат бидејќи не можат да живеат како неа, ниту, пак, можат да си дозволат скапи работи за своите деца.
„За некои работи нема да правам компромис. Па, ако веќе заработувам и имам пари, зошто да не се пофалам со тоа што му го давам на синот“, вели таа.
Џоди тврди дека е „дисциплинирана“ со своите пари, иако призна дека неодамна потрошила 7.500 евра за четиридневно патување на кое го прослави првиот роденден на своето дете.
Таа вели и дека му купува скапи играчки и дизајнерска облека секој месец и дека за нејзиното дете секогаш сè мора да е најдобро.
Таа за синот купува блузички од Ralph Lauren, тренерки од Armani и Dolce & Gabbana, кои чинат по околу 300 евра.
„Треба да живеете според вашите можности. Па, ако можете да си дозволите малку луксуз, тогаш зошто да не? Мојот син е моето единствено дете и сакам да уживам во овие скапоцени спомени, бидејќи тие се први за мене.
Животот очигледно стана поскап, но јас внимавам да не се задолжувам за да можам да си ги дозволам овие гламурозни патувања со него“, вели Џоди.
Таа до Париз стигнала со воз, а платила скоро 600 евра за повратен билет. Таму, пак, биле сместени во апартман во хотел во самиот Дизниленд.
„Сите што ме познаваат, знаат дека не сакам да живеам нормален живот. Јас сум родена да бидам еднорог.
Имав многу коментари од типот: ‘Кој го носи своето дете во Дизниленд за неговиот прв роденден?’. Но, луѓето што ми се важни ми кажаа да го правам тоа што ќе ме направи среќна.
Навистина верувам дека треба да го живеете животот за себе, а не само да ги следите општествените норми.
Мојот син одлично се забавуваше, а јас уште повеќе кога го гледав како се насмевнува. Тоа беше успех за мене“.
Џоди вели дека другите мајки често ја осудуваат, но таа не се грижи за тоа.
„За нив тоа што сум диџеј и мајка е само по себе судир на два сосема спротивни начини на живот.
Некои бегаат од мене. Но, има и такви кои ме застануваат додека го шетам синот во количка и ми велат дека посакуваат и тие да изгледале гламурозно како мене кога се породиле.
Се разбира, љубомората е голема работа, како и нивната желба да ја засрамат мајката со своите коментари, но таквото однесување го презирам, особено кога доаѓа од други жени“, вели Џоди.
A. J. | Црнобело