„Бремена сум секоја година од 2014-та досега - подобро тоа отколку да имам менструација секој месец“
- Детали
- четврток, 02 ноември 2023
Американката Медисон Чавез, која го чека своето петто дете, ги подели мислењата со изјавата дека е подобро да е постојано бремена, отколку да има менструација. Таа првпат останала бремена во 2014 година, и освен што родила 4 деца, имала и два спонтани абортуси.
Медисон Чавез, мајка на четири деца, која во моментов е бремена со своето петто дете, ги подели мислењата на социјалните мрежи откако изјави дека е многу подобро што е бремена секоја година од 2014-та, отколку да се „малтретира со менструација секој месец“.
Медисон, која има преку 1,8 милиони следбеници на ТикТок, објави видео во кое рече:
„Кога тој ќе те забременува секоја година, никогаш нема да имаш менструација“.
@thechavezfamilyy 10/10 recommend bahahaha #chavezfamily #momsoftiktok #dadsoftiktok #pregnant #pregnancy #mama #pregnantlife #husbandsoftiktok #wivesoftiktok #momsbelike #pregnanttiktok #pregnant🤰#baby #momofmany #girllife #girlmom #boymom #toddlersoftiktok #family
♬ and my man thank you to my man latto casa di remix - CasaDi
Во видеото Медисон танцува со нејзиниот сопруг Џош и нивните четири деца: Кејден, Ченинг, Инди и Исла.
Медисон го роди првиот син во 2015 година, а во 2017 година повторно роди син.
Таа имаше два спонтани абортуси, во 2018 и 2019 година, но го роди своето трето дете (првата ќерка) во 2020 година.
Потоа, во 2022, Медисон роди уште една ќерка.
Бебето со кое е бремена во моментов треба да се роди следната година.
Иако во видеото, но и сите останати видеа што ги споделува на ТикТок и на Инстаграм, Медисон делува среќна, повеќето жени ѝ одговорија дека не се сложуваат со неа.
Едни тврдат дека повеќе би сакале да имаат менструација, отколку многу деца. Други, пак, ја прашаа кога планира да престане да раѓа.
Имаше и такви кои се пошегуваа дека Медисон и Џош сигурно планираат да „направат фудбалски тим“.
„Сепак ќе ги изберам менструациите за да можам да спијам ноќе“, стои во коментарите.