„Пораснав во амишка заедница, но побегнав - При менструален циклус користевме крпи наместо влошки, бевме 19 сестри и браќа“
- Детали
- среда, 01 ноември 2023
И во 21-ви век вода снабдуваат со ветерници и рачни пумпи. Живеат во САД, една од најразвиените држави од светот, но не се покоруваат на модерните правила. Девојка која израснала во амишка заедница открива како изгледало нејзиното детство таму и зошто си заминала.
Лизи Енс (36) од Охајо, САД пораснала во амишка заедница, но кога имала 19 години одлучила да побегне оттаму и никогаш не се вратила. Сега, таа редовно објавува видеа на социјалните мрежи каде споделува забавни факти од нејзиниот живот, додека живеела во заедницата.
Во едно од нејзините видеа таа споделува кои се најинтересните факти што секогаш ги збунуваат другите, кога таа зборува за својот живот во минатото.
Како што вели, луѓето секогаш се изненадени кога ќе слушнат дека таа доаѓа од семејство кое имало 19 деца.
„Моите родители имаат 19 деца и меѓу нив се и три пара близнаци, па така и јас сум близнак.
Но, не е само тоа. Мајка ми сите овие деца ги родила по природен пат“ – вели таа.
Уште еден интересен податок што Лизи го откри е дека како член на амишката заедница таа израснала без матичен број, па кога си заминала морала да помине низ долги процедури за да го добие.
„Кога си заминав морав да аплицирам за матичен број, а да не заборавиме дека имав само 20 долари кога решив да си одам“ – појаснува Лизи.
Лизи морала да научи 3 јазици додека растела.
Таа пораснала во амишката заедница Шварцентрубер, која е една од најконзервативните.
Во оваа заедница не е дозволено во домовите да има цевки за довод и одвод, не користат механизација за земјоделството, а не е дозволено ниту да имаат телефонски говорници.
Во нивните домови сѐ уште храната се приготвува на печки на дрва, а водоснабдувањето се одвива со ветерници и рачни пумпи.
Девојките во оваа заедница мораат да носат фустани што се со должина до работ на нивните чевли. Таа, исто така, сподели дека на девојките им е дозволено да имаат дечковци, но состаноците со нив се случуваат само еднаш на две недели и никогаш во јавност.
Традиционалните состаноци вклучувале само долги гушкања, а во коментарите од своите видеа Лизи откри дека кога девојчињата ќе добиеле менструација смееле да користат само крпи.
Инаку, Лизи во една пригода откри дека се обидела да побегне од заедницата кога имала само 17 години заедно со нејзината сестра близначка, но набрзо потоа се вратиле.
По две години, Лизи на 19 години одлучила да си замине, пред свадбата на сестра ѝ, на која не ѝ било дозволено да присуствува затоа што ја напуштила заедницата.
Прочитајте и На прв состанок паровите одат во кревет, забрането им е да носат мустаќи – Интересни факти за секојдневието на Амишите
Погледнете дел од нејзините видеа:
@lizzieh_wellness #breakingamish #escapingamish #amishtiktok #amishlife #amishparadise
♬ original sound - Lizzie Ens
@lizzieh_wellness Always some of my top favorites to share that shocks people. 😝 #amishtiktok #examish #amishrenegade #breakingamish #amishlife #fyp #escapingamish #amishcountry
♬ original sound - Lizzie Ens
Б. С. Б. | Црнобело