„Родена сум без вагина поради редок синдром – Не можев да имам секс“
Лекарите ѝ кажале на Али дека ако сака да има вагинален секс, има две опции – или да направи операција, или процедура позната како дилатација.
Оваа процедура подразбира вметнување медицинско помагало во делот на вагината, така што постепено просторот се зголемува.
„Одбрав дилатација, односно самата да си направам вагина. На почетокот користев помагало не поголемо од нокт, но сега стигнав до барем 12 сантиметри“.
Сепак, Али истакнува дека целото искуство не било пријатно бидејќи морала да го користи помагалото двапати дневно.
„Нема нешто полошо од тоа да се затвориш во собата 20 минути наутро и пред спиење, додека семејството си гледа телевизија и слично. Беше агонија. Едноставно кажано, се чувствував одвратно, засрамено и деградирано“.
Кога стигнала до одредена големина, Али конечно можела да има односи и признава дека на почетокот била промискуитетна.
„Кога си ја 'направив' вагината, се осигурав дека ќе ја користам и во почетните денови бев промискуитетна“.
Речиси 25 години подоцна, Али се чувствува добро во своја кожа и не се срами од својата состојба.
„Кога објавив нешто за мојата вагина на Инстаграм, добив многу пораки од жени кои се срамеле од своите здравствен проблеми и не се чувствувале како ’нормални‘ жени“.
По ова, Али одлучила да им помага на жените во ваква состојба.
Истовремено, таа пробува да ја зголеми свеста за жените кои се борат со неплодност и не можат да имаат деца.
Досега Али има дадено бројни телевизиски интервјуа, има пишувано колумни, а има и држено говори со цел да им помогне на жените ширум светот.
Спирова С. | Црнобело