„Родена сум без вагина поради редок синдром – Не можев да имам секс“
- Детали
- недела, 05 ноември 2023
Австралијката Али има редок синдром поради кој е родена без вагина и матка. Односно, нејзиниот вагинален канал не бил воопшто развиен. Со години таа се срамела од себе, но сега сака да им помогне на жените да ги прифатат нивните здравствени проблеми поради кои се чувствуваат како да не се „нормални“ жени.
Али Хенсли од Австралија е родена со нарушување поради кое нема вагина.
Нејзиниот редок синдром накратко е познат како MRKH, а се јавува кај една во 5.000 жени.
Али вели дека проблемот е што луѓето постојано ја прашувале како изгледа „таму долу“ бидејќи на повеќето веројатно не им било јасно кој дел од женскиот репродуктивен систем е вагина.
Односно, многумина мислеле дека вагината се всушност срамните усни, па Али се соочувала со луѓе кои ја прашувале и дали изгледала како Барби кукла кога ќе се соблече.
Во интервју, Али откри дека однадвор изгледа како и секоја нормална жена, но ѝ требало многу време да се почувствува добро во своја кожа.
42-годишната Австралијка била само тинејџерка кога дознала дека е родена без вагина. И, голем дел од животот поминала плашејќи се дека луѓето ќе ѝ се потсмеваат.
Поради синдромот, Али нема ни матка, што значи дека никогаш не ќе може да стане мајка.
„Поминав години срамејќи се од моето тело. Се чувствував како да не сум нормална жена и требаше да се справувам со фактот дека никогаш нема да имам деца.
Не се чувствував како типична жена и развив ужасен однос со мажите. Ми беше тешко да се ценам, имав проблеми со самодовербата и постојано се прашував дали сум доволно жена“.
Али има јајници, што значи нема проблеми со хормоните. Единствено, нема развиен вагинален канал и матка.
„Се чувствував како чудак. Срамот и осаменоста што ги чувствував беа неподносливи.
Замислете колку е страшно за една тинејџерка постојано да слуша како родителите и лекарите разговараат за нејзината вагина“, додава таа.
Неретко, Али морала да зборува и за секс со родителите и лекарите, уште од многу рана возраст.