Нарачувал храна, па глумел дека има срцев удар - На иста „финта“ се обидел да побегне и да не плати во 20 ресторани
- Детали
- четврток, 19 октомври 2023
Нарачувал јастози, руска салата и виски, па глумел дека има срцев удар за да не плати – Литванец глумел богат руски турист и „измамил“ 20 шпански ресторани и предизвикувал хаос.
Во шпанските медиуми подолго време се пишува за измамникот кој оди во луксузните шпански ресторани во Аликанте, нарачува храна и пијалак, а кога треба да плати, глуми дека има срцев удар за да не плати.
Според пишувањата, измамникот секој ручек го започнувал со руска салата и чаша виски, за главен оброк барал богат оброк, како порција рижото и јастог и, секако, уште виски, по можност најскапото...
Потоа следува десерт и две чаши виски...
Ова е начинот на кој оперира Аидас Ј., Литванец кој веќе неколку месеци наназад врши измама во луксузни шпански ресторани во Аликанте, Шпанија.
Како што пишува весникот Infomracion, во овој шпански град не е редок случајот гостите да бараат изговори за да не ја платат сметката, но она што го прави овој Литванец поинаков од другите е тоа што на крајот по секој оброк глуми дека има срцев удар.
„По секој оброк, тој паѓа на подот и се држи за градите, па глуми дека паѓа во бессознание, по што ресторанот се празни и се чекаат да пристигнат медицинските лица, кои најчесто утврдуваат дека станува збор за измама, по што тој завршува во притвор“ – раскажуваат измамените вработени во ресторани за шпанските весници.
Најчесто тој во рестораните влегувал облечен во дизајнерска облека и се претставувал како руски турист кој не разбира шпански.
Тој досега бил уапсен неколкупати, но секојпат полицијата го пуштала на слобода затоа што не правел преголеми сметки во рестораните.
Сопствениците на хотели, пак, што биле жртви на неговите напади велат дека не е проблемот во сметката, туку во тоа што прави проблеми и ресторанот е парализиран по 2 часа додека да се расчисти метежот што го предизвикува.
Инаку, се смета дека тој досега направил вкупна штета од околу 766 евра, a последниот пат полицијата го задржала во притвор 42 дена затоа што имал претходно неплатени казни.
Сега хотелиерите и сопствениците на ресторани бараат Литванецот да остане зад решетки што е можно подолго.
Б. С. Б. | Црнобело