„Бев Плејбој модел и ми плаќаа за да позирам топлес – сега сум среќна како хигиеничарка“
Тогаш Верена почнала да позира како модел за долна облека, но топлес.
„Позирањето топлес како модел за долна облека во 20-тите беше забавно. Тоа беа добри години од мојот живот.
Не можам да објаснам зошто, но ми се допаѓаше. Знам дека луѓето ја гледаат оваа професија со презир, но за мене беше ослободителна“.
Верена додава дека и во нејзиниот роден град ја презирале поради професијата.
Со текот на времето, таа допрела и до познатата Плејбој вила.
„Некои од моите најдобри пријателки беа Плејбој зајачици. Благодарение на нив, ме прифатија и мене. Беше забавно Имаше многу познати личности на забавите“.
Штом наполнила 30, Верена почнала да работи како агент за модели.
„Едноставно, почнав да се менувам. Исто така имаше и многу помлади модели кои се појавуваа на сцената и знаев дека е време да престанам со таа професија“.
Потоа почнала да работи како хигиеничарка, а минатата година отворила и своја фирма.
„Имам фанови кои уште ме препознаваат – ми бараат автограми во локали, па и во супермаркет“.
Верена вели и дека воопшто не жали за професијата од минатото, без разлика што голем дел од јавноста ја осудува.
„Сега воопшто не сум дел од индустријата. Некогаш би сакала да се вратам, но сепак, среќна сум како хигиеничарка и со животот со мојата чивава“, додава таа.
Спирова С. | Црнобело