„Бев Плејбој модел и ми плаќаа за да позирам топлес – сега сум среќна како хигиеничарка“
- Детали
- недела, 15 октомври 2023
Поранешниот Плејбој модел Верена Твиг вели дека не се срами од својата стара професија и разголените фотки од минатото, но смета дека е многу посреќна како хигиеничарка, која има и сопствен бизнис за чистење во родниот град во Англија.
Верена Твиг е поранешен Плејбој модел и вели дека иако ѝ се допаѓал тој начин на живот, се откажала од професијата за да работи како хигиеничарка
Денс 45-годишната Англичанка има свој бизнис за чистење во нејзиниот роден град во Англија.
„Ми плаќаа многу пари за да си ги покажувам градите. Беше забавно некој друг постојано да ми прави фризури и да ме шминка.
Некогаш носев разголена облека, а некогаш не носев ништо – сето тоа беше само работа“, открива таа во неодамнешно интервју за The Sun.
„Немам работено како модел веќе десет години и се држам настрана од јавноста. Сега имам прилично нормален живот.
Претходно постојано одев на забави, но сега повеќе сакам да шетам во природа со моето куче. Моите фанови од минатото ќе бидат изненадени кога ќе сфатат дека сега сум потполно различна личност“.
Иако Верена вели дека е среќна, сепак не ѝ било лесно да се навикне на сегашниот начин на живот.
„Го сакав и мојот стар живот, но го сакам и овој. На почетокот мислев дека нешто не е во ред.
Но, потоа само прифатив дека сите луѓе се менуваме. Најдов мир и тоа ми е позабавно од целиот гламур“.
Верена ја започнала кариерата како модел за дизајнерски куќи, но вели дека на почетокот постојано се соочувала со критики за изгледот.
„Модната индустрија може да биде сурова и постојано критикуваат за тежината. Бев слаба, но имав облини, а модните дизајнери сака да бидам послаба. Едноставно, им реков не, бидејќи сметав дека тоа не е во ред“.